Фактоје: Грција уште на 16 мај ги отвори плажите
Премиерот на Албанија, Еди Рама деновиве (24.05.2020) изјави дека преземањето мерки довело до мал број смртни случаи во оваа втора фаза од пандемијата со Ковид-19. Премиерот Рама рече дека Шведска има најголем број смртни случаи на 1 милион жители и дека ниту една земја во Европа досега не ги отворила своите плажи. Но, колку се вистинити овие тврдења?
Проверката на албанскиот сервис за проверка на факти, „Фактоје“ покажа дека изјавата на премиерот Рама е невистинита.
Според податоците на „ Worldmeters“, Белгија, Британија, Италија, Шпанија и Франција имаат повеќе смртни случаи на 1 милион жители од Шведска.
Исто така, премиерот Рама на 24 мај рече дека ниту една земја во Европа не ги отвори своите плажи. Но Грција на 16 мај дозволи отворање на 500 плажи. Грција заклучно со 26 мај има 2.882 заразени лица и 172 смртни случаи како резултат на пандемијата „Ковид-19“ .
Со оваа аргументација „Фактоје“ ја оцени изјавата на премиерот Рама како „невистинита“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар