Проверката на Фактоје на изјавата на Мендух Тачи за доброто влијание на албанскиот институт за јавно здравје во однос на бројката на заразени и заболени од корона вирусот во Албанија, се покажа како неточна

 

Албанија, за да бидеме коректни, има „голема среќа што има совршен систем што го зачува од поранешниот комунистички систем, па начинот на кој работи ИЈЗ ги спаси“. Ова беше изјавата на Мендух Тачи, претседател на ДПА во Северна Македонија, во емисијата КланДебат на 8 јуни. Но, колку влијае на бројките на заразени начинот на кој работеше Институтот за јавно здравје во Албанија и начинот на епидемиолошкото истражување?

Албан Или, експерт во Институтот за јавно здравје, за Фактоје изјави дека не верува дека работата на ИЈЗ влијае на тоа дека Албанија има помалку случаи.

„ Затворањето беше малку посилно во Албанија, можеби отворењето започна малку порано во Македонија. Во моментов не гледам значителни разлики помеѓу моделите на јавното здравство во Македонија и Албанија“, рече Или

И Ерион Дашо , експерт за јавно здравје, не смета дека ова е причината зошто Албанија немаше големи проблеми со КОВИД-19.

Не е дека Албанија добро управуваше со ситуацијата со КОВИД-19. Албанија успеа да го задржи населението затворено преку рестриктивни мерки и нормално е дека нема пренесување на вирусот кога луѓето се затворени. Ситуацијата беше многу добра кон средината на мај. Начинот на кој функционира здравствениот систем или епидемиолошкото истражување не игра многу улога во ширењето на вирусот. Не е дека Албанија е модел, којзнае што, кога се отстранија мерките, почна да се шири како и на секое друго место“, рече тој за Фактоје.

Албанија и Северна Македонија

Од почетокот на пандемијата, во Северна Македонија се пријавени вкупно 5.311 случаи на коронавирус, пренесува „Worldmeters“. Во меѓувреме, 251 ја изгубиле битката со вирусот.

Фактоје известува дека во моментов има 2.048 граѓани на Северна Македонија кои се сметаат за оздравен а во нашата земја се спроведени 53.224 тестови (податоците се кога е пишуван текстот во Фактоје – н.з.).

Во меѓувреме, Албанија има регистрирано вкупно 2.114 случаи на КОВИД-19 или половина од случаите во Северна Македонија. Дури и во однос на жртвите, односно изгубени животи, Албанија бележи многу помалку, односно 47.

Во Албанија, бројот на оздравени пациенти е 1217. Албанија тестирала вкупно 21.437 лица. Во јавноста има дебати за бројот на тестови, додека Северна Македонија е една од земјите со најголем број тестираниво регионот.

Затоа, Фактоје ова изјава на Мендух Тачи ја оцени како невистина.