Фактоје: Изјавата на Велијај за „грешката” на претседателот Мета е невистина
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, го оправда нечекањето на одлуката на Уставниот суд за Народниот театар со „грешката“ што ја направил претседателот Илир Мета, бидејќи, според него, случајот требало да биде покренат пред Управниот суд. Велијај тврди дека претседателот Мета ги измамил активистите во одбрана на Народниот театар.
На 17 мај (2020) за време на интервјуто во емисијата „ Опинион“, на прашањето зошто Општина Тирана не ја почека одлуката на Уставниот суд за Народниот театар, Велијај изјави дека тоа ќе беше безначајно бидејќи барањето е поднесено „на погрешно место“ .
Претседателот направи трик, бидејќи оваа одлука мораше да биде испратена до Управниот суд. Тој отиде на погрешно место за да направи трик, изјави Велијај
На 24 јули 2019 година, претседателот Мета го достави до Уставниот суд барањето за преиспитување на одлуката за уривање на Народниот театар.
Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ го праша правниот советник на претседателот на државата, Бленди Дервиши во врска со покренувањето на случајот за Народниот театар пред Уставниот суд. Дервиши појасни дека случајот е во надлежност на Уставниот суд бидејќи станува збор за Закон што се смета за „неуставен“.
Адвокатот Спартак Нѓела го оцени како легитимно поднесувањето на барањето на претседателот Мета до Уставниот суд.
Она што го гледам е закон кој е „противуставен“. Само Уставниот суд може да оцени закон како неуставен. Суд на факти (Управниот суд) не може да укине ваков закон, туку само Уставниот суд. Барањето е точно поднесено, изјави адвокатот Нѓела за „ Фактоје “.
Одлуката за уривање на Народниот театар без да се чека одлуката на Уставниот суд беше осудена и од институцијата Народен правобранител.
Ништо не беше нормално, ништо не беше како што треба да биде според Закон. Овој проблем ќе предизвика колапс, ќе отвори многу прашања и ќе бара длабинска дискусија. Судот ќе одлучи на крај , рече Народниот правобранител, Баланца во „Ора нјус“ на 18-ти мај.
„Фактоје“ ја категоризираше изјавата на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, како „невистина” повикувајќи се на Уставот на Република Албанија, Народниот правобранител, како и експерти од оваа област.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар