Фактоје: Ковид-19 го зголемува ризикот за уште поголемо одгледување канабис во Албанија

Додека во Албанија се очекува легално да дозволи одгледување и трговија со медицински канабис, нелегалното одгледување наркотични растенија се очекува значително да се зголеми оваа година

 

Рестриктивните мерки против ширењето на „Ковид-19“ само привремено го „казнија“ одгледувањето и нелегалната трговија со канабис во и од Албанија. ИНТЕРПОЛ и Европскиот центар за мониторинг и зависност од дрога известуваат дека канабисот произведен во Албанија се очекува да ја пополни празнината на европските пазари. Дури и генералниот директор на државната полиција, Арди Велиу, призна дека феноменот на одгледување наркотици има растечки тренд оваа година. Од друга страна, немањето на воздушна контрола од италијанската „Гардa ди Финанза“, ги  „фаворизира“ во овој случај и трговците со луѓе.

Додека во Албанија се очекува легално да се дозволи одгледување и трговија со медицински канабис, нелегалното одгледување наркотични растенија се очекува значително да се зголеми оваа година.

Ова е објавено во најновиот заеднички извештај на ИНТЕРПОЛ и Европскиот центар за мониторинг и зависност од дрога.

Глобалното ограничување на патувањето и другите мерки како резултат на пандемијата КОВИД-19 имаа привремено ограничувачко влијание врз европскиот пазар на дроги, што доведува до недостиг и повисоки цени за некои видови наркотици, но ситуацијата е предмет на брза промена“ – се оценува во извештајот.

Оценето е од експертите, дека истите патишта за трансфер на наркотици ги користат и трговците со луѓе, односно пренос на мигранти преку балканската рута, каде што влегува и Албанија.

Директорот на државната полиција, Арди Велиу, додека известуваше пред собраниската Комисија за безбедност на 29 мај, призна дека оваа година има растечки тренд во однос на култивирање на наркотици во Албанија. Дури и експертот за економија, Зеф Пречи, тврди дека недостигот на европските пазари се очекува да биде „исполнет“ со канабис од Албанија.

Ризикот од масовно култивирање на канабис е зголемен со фактот дека оваа година нема воздушна контрола од страна на италијанските власти за следење на трговијата со канабис.

Додека Албанија продолжува да се смета за масовен производител на канабис,  а фокусот на властите е врз ситуацијата создадена од „Ковид-19“ и додека продолжува немањето воздушен надзор од „Гарда ди Финанза“, ризикот од зголемено одгледување канабис останува реален.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција