За време на презентацијата на извештајот против корупција (13.10.2020г.), премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека „главата“ на корупцијата во земјата била и продолжува да биде „корпорацијата“ на обвинители и судии. Рама побара од институциите „железна рака“ против нив, но во ниту еден момент не ја спомна иницијативата „Анти-ФШФ во правдата“, за која пред речиси една година вети дека „ќе биде одобрена на последната парламентарна седница“ и која до пред неколку месеци ја промовираше како шанса да се извадат корумпираните пред лицето на правдата.

На 5 ноември 2019 година, премиерот  Рама изјави:

Дојде време да се реагира силно на обвинителите и судиите кои не поминале на проверка и кои се препознаваат во фразата „ФШФ“, (фати што ќе фатиш). Оваа судско-обвинителска група треба да биде прогласена за „барана од овој парламент со какви било средства“. Најавата за потрага по „ФШФ“ е целта што ние како парламент треба да ја имаме во овој монет. Да ѝ се ​​даде на „ФШФ“ пораката: Специјален закон против нив, или денес, или никогаш.

На 25 ноември 2019 година, премиерот Рама ја претстави таканаречената иницијатива „Анти-ФШФ“. Пакетот против „ФШФ“ содржи законски измени и зајакнување на надлежностите на Државната полиција при одземање на имотот на лицата претходно осудени за кривични дела, како и на вработените во правосудниот систем кои соработувале со експоненти на криминалот.

Сепак, таканаречената иницијатива против ФШФ, изготвена од Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, со која се предвидени одредени измени во Законот за статусот на судии и обвинители, со кои им се дава можност во рок од 6 дена да ги суспендираат од функциите обвинителите за прекршоци и судиите, досега не е донесена (усвоена во парламентот).

На 31 јануари 2020 година, албанскиот Хелсиншки комитет реагираше со барање да се корегира споменатата иницијатива и да се избегнат точките коишто се косат со Уставот.

Според член 147 / г од Уставот, високиот инспектор за правда е одговорен, меѓу другото, и за проверка на жалби и за поведување дисциплинска постапка против судии и обвинители. Оваа уставна норма е конкретизирана и во законот 96/2016 „За статусот на судии и обвинители“ со измените и дополнувањата. Уставниот суд во своите одлуки го елаборираше стандардот дека атрибутите што Уставот ги доделил на едно тело, не може да се дадат на друго тело (види одлука бр. 78 од 12.12.2017 година на Уставниот суд) Според членовите 147 / а и 149 / а од Уставот, соодветно Високиот судски совет и Високиот совет за гонење немаат надлежност да ја започнат судската истрага против судиите и обвинителите  – се вели во реакцијата на албанскиот Хелсиншки комитет.

На 12 февруари 2020 година, со 87 гласа „за“, 15 „против“ и 4 воздржани, Собранието го одобри нацрт-законот за статусот на судиите и обвинителите во Република Албанија, со измените и дополнувањата.

На 4 март 2020 година, претседателот Илир Мета го врати во Собранието овој нацрт- закон за статусот на судиите и обвинителите. Според објаснувањето на кабинетот на претседателот, со усвоените одредби се кршат повеќе принципи како што се:

  • принципот на правна сигурност;
  • принципот на независност и непристрасност на судството;
  • принципот на хиерархија на уставните норми и уставната резерва;
  • судската пракса на Уставниот суд

Откако претседателот Мета го врати нацрт-законот на разгледување во Собранието, тој повторно не беше ставен на гласање на пленарна седница, ниту на последната седница ниту на таа што започна во септември. Затоа,  сервисот за прверка нафакти во Албанија, „Фактоје“ ова ветување на Рама, го оцени како неисполнето.