Фактоје: Одгледувањето канабис во Албанија не е „затворено прашање”

Фото: Фактоје

 

Министерот за внатрешни работи, Сандер Лешај на 12 мај (2020) во емисијата „Oпинион“  рече дека феноменот на одгледување канабис во Албанија е затворено прашање. Тој смета дека ова може да се потврди и со цената на канабисот која, според него, е на „историски високо ниво“.

Но, еден ден претходно, на 11 мај, јавниот обвинител Олсијан Шела изјави дека е загрижувачка ситуацијата со феноменот на одгледувањето канабис во Албанија.

Европската агенција за гранична безбедност, Фронтекс,  исто така, во својот годишен извештај за 2019 година ја смета Албанија како масовен производител на канабис.

Албанија продолжува да се смета за главен извор на производство на канабис, што се тргува во соседните земји и кон Западна и Централна Европа, се вели во извештајот мисијата на ЕУ за заштита на границите – Фронтекс за 2019 година.

Исто така, Агенцијата за разузнавање на Италија, во извештајот за првата половина на 2019 година, ја посочува Албанија како масовен производител на канабис.

Масовното производство на канабис во Албанија беше потврдено и во одговорот од грчката полиција до албанскиот сервис за проверка на факти, „Фактоје“,  каде е наведено дека во текот на 2019 година се запленети 5. 589 кг наркотици од овој вид, со потекло од Албанија.

Имајќи ги предвид овие аргументи, „Фактоје“ изјавата на министерот Лешај, ја оцени како „невистина”.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција