Фактоје: Рама ги смени роковите за реконструкција на штетите од земјотресот во Албанија

 

Пандемијата со „Ковид-19“ го смени планот за реконструкција на штетите од земјотресот во Албанија, а особено во градот Туман.

Најпрвин на 16 март премиерот Еди Рама изјави дека планот за реконструкција нема да биде одложен или изменет. Но, според албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“, Рама, во средата на 8 април, придружуван од министерот за реконструкција, Арбен Ахметај, при посета на Туман по повод почетокот на работите за процесот на реконструкција,  рече дека во текот на оваа година ќе се градат само индивидуалните станови, а колективните ќе бидат одложени за  друг момент.

Имено, наспроти она што претходно го изјави премиерот Рама, процесот на реконструкција ќе се промени. Наместо сите погодени од земјотресот на 26 ноември (2019) да влезат во нови станови во 2020 година , Рама на 8 април призна дека до крајот на декември се планирани да се изградат само индивидуалните установи.

Врз основа на овие аргументи, „Фактоје“  изјавата на премиерот Рама за процесот на реконструкција, ја оцени како полувистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.