Фактоје: Рама ненамерно рашири дезинформација на Фејсбук

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ анализираше видео објавено од премиерот на Албанија Еди Рама, во кое се гледа како полицијата насилно ги растерува случајните минувачи, а премиерот Рама тврдеше дека се случило во Шпанија. Оваа негова објава направи штетен круг и во многу медиуми,  дури и во вестите на некои телевизиски станици, пред да се дознае дека,  како што самиот премиер подоцна призна, ненамерно е пласирана за дезнформација, со која Рама придонесе за ширење на паника и  лажни вести.

Во објавата на „Фејсбук“ во саботата на 21 март,  Рама ги предупреди албанските граѓани дека полицијата ќе интервенира насилно доколку не се почитува растојанието во редот.

Ова видео од Шпанија каде што човек умира на секои четири минути,  го објавувам за секој што сака да оди на шопинг од понеделник до крајот на “војната”! рече Рама.

По објавата на  Рама, шпанската амбасада во Албанија ги демантираше овие информации и ја информираше јавноста дека овие настани не се случувале во Шпанија. Имено,  видеото е снимено во Алжир и станува збор за политички протест. Реакции имаше и од опозициската ДП,  која го обвини Рама за ширење на паника и лажни вести.

„Фактоје“ во својот напис, освен што ја анализираше оваа дезинформација, ги информираше граѓаните како преку Гугл – фото алатката да ги проверуваат фотографиите, а со скриншот и видео материјалите, за да не подлегнат на вакви дезинформации.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција