Фактоје: Албанската министерка за образование го пречекори рокот за изградба на студентските домови

Во универзитетскиот договор, што следеше по студентските протести во Тирана во 2018 година,  Министерката за образование на Албанија, Беса Шахини, меѓу другото,  вети реконструкција на студентските домови во Скадар, Корча и Валона и сместување на повеќе од 500 студенти до декември 2019 година.

„Фактоје“ го провери ова ветување на министерката Шахини и во текот на декември (2019) и јануари (2020) забележа напредок на работите во студентскиот домови во Корча, Скадар и Валона, како и тоа дека реконструкциите на споменатите домови е при крај.

Сепак, крајниот рок за завршување на домовите и сместување на студентите беше во декември,  но иако поминаа првите две недели од јануари, студентите сè уште не се населиле во студентските домови. Имајќи го предвид овој факт, „Фактоје“ ветувањето на министерката Шахини го оцени како неисполнето.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција