Фактоје: Нема двојно поголема социјална помош, како што вети Рама

 

Минатата недела 66 илјади луѓе во Албанија требаше да добијат двојно поголема социјална помош, според ветувањето што неодамна го даде албанскиот премиер, Еди Рама. Ова премиерот Рама го вети во комуникација на социјалните мрежи на 24 март (2020), кога објави дека „корисниците на економска помош за време на „војната со пандемијата“ ќе добијат двојно поголема финансиска поддршка од онаа што вообичаено ја добиваат секој месец.“

 На 9 април албанскиот сервис за проверка на факти  „Фактоје, направи верификација дали е исполнето ова ветување на Рама и констатира дека корисниците на социјална помош добија иста исплата, а не двојно повеќе. Односно, семејствата што добиваат социјална помош, во првите 10 дена од месецот, ја добија исплатата што им следи согласно постоечкиот закон. Во четвртокот, на 9 април, социјалната помош беше распределена на сите пунктови на албанската пошта, но корисниците ја добија само исплатата што вообичаено ја примаат, а не двојно повеќе како што беше ветено.

Имајќи ја предвид оваа проверка, „Фактоје“ оцени дека досега ветувањето на Рама е неисполнето, истовремено најави дека во наредниот период повторно ќе се наврати на ова негово ветување  за удвојување на исплатата за корисниците на економска помош.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција