Фактоје: Помина пикот на „Ковид-19“, но ветената болница сè уште не е пуштена во употреба

 

Епидемијата на коронаврирус во Албанија, според официјалните бројки, стивнува, но болницата за KОВИД-19, ветена дека ќе биде готова до крајот на април, сè уште не започнала со работа. Остануваат многу дилеми околу изградбата и трошоците за ветената болницата, а Министерството за здравство одбива  да даде одговори повеќе од еден месец.

Премиерот Рама за време на увидот во просториите на поранешниот универзитет „ Кристал “, на 26 март,  рече:

Предизвик е да се направи болница за 30 дена. 30 дена! 

Дури и министерката за здравство Огерта Манастирлиу, истиот ден, изјави дека ќе работи напорно за што е можно поскоро да има нова болница адаптирана на состојбата создадена од пандемијата.

На 27 април, на крајот од рокот поставен од премиерот Рама, албанскиот сервис за проверка на факти  „Фактоје“, при  посетата на оваа болница успеа неофицијално да дознае дека болницата не е подготвена за примање пациенти. 

На 5 мај министерката за здравство Манастирлиу во емисијата „Опен“, призна дека сè уште се во тек подготовките за болницата за борба против Ковид-19, со што фактички произлегува дека премиерот Рама не го реализирал ветувањето дека таа ќе биде пуштена во употреба до крајот на април.

Имајќи го предвид сето ова, „Фактоје“ споменатото ветување на Рама го оцени како неисполнето.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција