Фактоје: Репатријацијата не беше бесплатна за сите Албанци вратени од странство 

 

Повеќе од 1.300 албански државјани останаа надвор од границата како резултат на пандемијата со „Ковид-19“. Премиерот Еди Рама изјави дека Владата ќе се заложи за враќање на сите Албанци и дека трошоците ќе бидат покриени од „Ер Албанија“, пишува  албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“.

На 27 март премиерот Рама  на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека процесот на враќање на граѓаните ќе се спроведува преку „Ер Албанија“ и трошоците ќе бидат покриени од самата компанија. Еден ден подоцна, 272 албански државјани беа вратени од Италија и Хрватска (112 од Италија и 160 од Хрватска).

Но, во неговата наредна објава на Фејсбук, Рама рече дека пакетот за враќање ќе чини 100 евра и притоа додаде уште едно појаснување дека цената ќе варира во зависност од дестинацијата.

Цената на билетот ќе варира во зависност од дестинациите, додека исплатата на хотелот во карантин ќе биде фиксна, прецизираше Рама.

Репатријацијата  беше стопирана за потоа да продолжи на 18 април, но овојпат граѓаните требаа да платат за нивниот превоз и исхраната во карантин. Па така, цената на билетот достигна и до 200 евра, во зависност од дестинацијата, а исхраната во карантин  7 евра на ден.
Со оваа аргументација, „Фактоје“  ветувањето на Рама  го оцени како неисполнето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција