Фактоје: Во Албанија цените на храната драстично се зголемија и покрај нормативниот акт на Владата

Фото: Фактоје

 

Избувнувањето на пандемијата со „Ковид-19“ во Албанија предизвика загриженост и за зголемувањето на цените на храната. За да се задржат цените на производите под контрола премиерот Еди Рама најави казни за секој субјект што ќе ги ги поскапи прехранбените производи, а за оваа цел беше одобрен посебен нормативен акт. Рама преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ на 15 март најави казни, па дури и затворење на секој субјект доколу ги покачи цените на храната. 

Aлбанскиот сервис за проверка на факти, Фактоје“ ја анализираше ситуацијата и спорведувањето на мерките, па заклулчи дека, сепак, и покрај предупредувањето на премиерот,  поскапувањето не запре туку напротив има зголемување на цените, особено на земјоделските производи.

Институтот за статистика, ИНСТАТ ,во Извештајот за индексот на трошоците на живот за март, објави пораст од 24% во однос на март минатата година, главно на прехранбените производи.

Индекс на потрошувачки цени за март 2020 година, извор: ИНСТАТ

 

Исто така, се зголемија и цените на зеленчукот и овошјето, кои во март беа за 8 проценти повисоки од истиот период пред една година. Во извештајот на ИНСТАТТ беше забележан трендот на зголемување на цените на земјоделските производи и во април.

Вицепремиерот Ерион Браче,  на 7 мај во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, предизвика загриженост за зголемувањето на цените, главно на земјоделските производи. Браче тврди дека зголемувањето се движело од 4,7 до 8 пати повеќе од реалната цена.

Но, како се однесуваше надлежниот државен орган за конкуренција и пазар – Агенцијатаза конкуренција и пазар (АКП)? На официјалната веб-страница на АКП за време на пандемијата има само една реакција во врска со покачените цени.

Дури и дејствијата на Генералниот директорат за даноци против зголемувањето на цените на производите за време на пандемиjaта,  биле спорадични, без да се вклучат значителни казни или алтернативни административни мерки.

Фактоје “ неколкупати се обидел да добие официјална информација од Агенцијата за конкуренција и пазари, но до објавувањето на овој напис не добил одговор.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција