Фактоје: Во мировните мисии надвор од Албанија нема 14 проценти жени

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“, неодамна (20.11.2019)  ја  aнализираше изјавата на министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка, во која таа тврди дека има зголемување на бројот на жени не само во политиката, туку и во други важни области.

Според проверката на „Фактоје”, изјавата на министерската дека „како никогаш порано, 14 % од персоналот во мисиите надвор од државата се жени“, е невистина. Имено, според изворите од Министерството за одбрана на Албанија, а и по пресметката на „Фактоје”, во последните две години процентот на жени кои учествувале во мировните мисии во најдобар случај не надминува 5% .

Од направената проверката на „Фактоје” констатира дека наведениот процент на жените кои учествуваат во мировните мисии во странство (14%) не се совпаѓа со оној во реалноста, па изјавата на министерката за одбрана Џачка ја оцени како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција