За овие тендери, за разлика од другите набавки, не се објавуваат вредноста, деталниот предмет, условите, квалитетот на стоката, критериумите за набавка и испорака, роковите и условите за плаќање, или други процедурални детали.

На ниту една од алатките посветени на објавување на договорите кои Владата на Албанија ги спроведува со трети страни, како што се оние на Агенцијата за јавни набавки, „Службен весник“, или известувања од кабинетот на локалната самоуправа, не се објавени содржини на договорите кои се сметаат за „тајни“.

За овие тендери имаше реакции и од медиумите, цивилниот сектор, и од агенциите за борба против корупцијата.

Па, со оглед на тоа што ниту еден од 15 – те договори потпишани од Владата на Албанија во периодот од 9 март до 25 април, не е достапен за јавноста, албанскиот сервис за проверка на факти, „Фактоје“ изјавата на вицепремиерот Браче ја оцени како „ невистинита “.