Фалсификуван наводен став на доктор Дејан Докиќ, кој што не е негов, се шири на Фејсбук

Фото: innovativegenomics.org, CC4.0

Вистиномер го исконтактира доктор Докиќ кој ни рече дека содржината не е негова, а оној што ја исфабрификувал би требало да го користи својот сопствен идентитет.

 

На Фејсбук се прошири и стана вирален пост за кој се тврди дека е на директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ. Во него се споделува став за состојбата со пандемијата на коронавирусот во земјава, кој што не е на лицето на кое што се атрибуира:

Доктор Докиќ и самиот објави демант на својот Фејсбук профил:

Почитувани, денес видов дека на социјалната мрежа Фејсбук се споделува текст кој наводно сум го напишал јас. Категорично ги демантирам наводите изнесени во тој текст и изјавувам дека јас не стојам зад истиот. Случајот кој е на штета на мојот углед и професионалност и има за цел да шири паника во јавноста, утрово го пријавив во полиција, напиша доктор Докиќ.
За забележување е дека постот беше споделуван масовно, во групи со илјадници членови, но потоа беше избришан. Исто така, го презедоа и портали, кои го потпишаа со иницијали Д.Д. 

 

Еве што се вели во неточно атруитираниот пост:

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!!! – Д-р Дејан Докиќ – По 30 часа поминати на работното место во ковид центарот на клиниката, максимално изморен, уплашен и тажен од сѐ што се случува тука, чувствувам лекарска но пред сѐ човечка одговорност да ја пренесам следната информација. Капацитетите во болниците се пополнети до максимум, ретко некаде се наоѓа по едно, две легла. Во приватните клиники е слична состојбата и покрај тоа што таму се цените толку високи, што луѓето ставаат домови под хипотеки за да го спасат живот на најблиските. Вакцини нема, но и да беа порано дојдени немаше да имаме ефект од нив, зошто треба да поминат најмалку шест недели по нивното добивање, за да се постигне имунитет. Вакцинираните се штитат самите себе, но можат да го пренесуваат вирусот на други!
Овој бран е до сега најголем и најтежок и буквално коси!!!
Бидејќи власта не превзема поостри мерки да затвори сѐ, освен аптеки и маркети за прехрана, неопходно е сами да барате начин да се заштитите и себе и најблиските.
ВЕ МОЛАМ ОСТАНЕТЕ ДОМА!!! Не е време за дружења и гости во затворени простории. Доколку сакате да ги заштитите родителите, браќата, сестрите, пријателите, не им одете дома! Особено избегнувајте контакти со хронично билните. Воздржете се додека не помине овој бран од посети на угостителски објекти, фризерници, козметички салони, фитнес центри, кладилници, молови. Единствено престојувајте во затворени простории само доколку морате да купите храна, средства за хигиена, лекови, или да одите во амбуланти или медицински лаборатории. Избегнувајте да влегувате во затворена просторија доколку внатре има повеќе лица!
НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ВО НИЕДНА ЗАТВОРЕНА ПРOСТОРИЈА НАДВОР ОД СОПСТВЕНИОТ ДОМ, БЕЗ МАСКА Н95 СО КОЈА ЌЕ БИДАТ ПРЕКРИЕНИ И УСТАТА И НОСОТ И НАЈБИТНО: НЕ ЗАДРЖУВАЈТЕ СЕ ВНАТРЕ ПОДОЛГО ОД 15 МИНУТИ!

(…) – целиот пост можете да го видите на овој линк

 

Вистиномер го исконтактира доктор Докиќ кој ни рече дека содржината не е негова, а оној што ја исфабрификувал би требало да го користи својот сопствен идентитет.

 

Следствено, атрибуираната изјава на врвен медицински авторитет, со цел да се сподели мислење кое не е негово, туку е на непотпишан автор, го оценуваме како манипулација и фалсификат. 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

2 Реакции
  1. Mitre :

    А да не си го пикате носот секаде?
    Ни сте научниците, ни сте интелектуални, па да можете да мерите работи, и никој не ви верува, гасете ги серверите, барем да не ја загадувате околината.

    Само го плашите народот, незнам колку буџет ви ставаат Соровци да дескредитирате статии.

    1. Владимир Петрески :

      Почитувани,

      Ве молиме конкретно да не известите во што е проблемот. Доколку сметате дека во написот на којшто реагирате е направена грешка од наша страна, Ве молиме посочете ни каде грешката со цел да ја корегираме. Точно е дека редакцијата на Вистиномер не е составена од начучници, туку од новинари, но во текот на нашата работа ние консултираме експерти и ги пренесуваме нивните експретски мислења, како и научни студии, кои, исто така, ги цитираме. Ние никогаш и никаде не тврдиме дека сме „научници“. Во Конкретниов случај, станува збор за фабрикуван пост, кој е негиран од самиот автор и на социјалните мрежи, а ни потврди и самиот тој. Директно проверивме дека ваква содржина нема на неговиот профил ан Фејсбук. Исто така, фабрикуваната содржина во меѓувреме е избришана насекаде каде што во меѓувреме била објавена, што значи дека оние кои ја објавиле во меѓувреме ја избришале откако биле откриени. Доколку имате дополнителни информации, Ве молиме исратете ни ги како би можеле да ги разгледаме.

      Инаку, „Вистиномер“ не дискредитира статии, тукусамо утврдува постоење на дезинформации и толку. За нашите проекти, пак, можете да се информирате овде: https://vistinomer.mk/za-vistinomer/