Фатмир Дехари

Фатмир Дехари, е градоначалник на Општина Кичево од 2013 година.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Фатмир Дехари е роден на 17 септември 1974 година, во Кичево. Женет е и татко на три деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно училиште завршил во село Србица, а средно образование во Елбасан, Албанија. Со високо образование се стекнал на Факултетот за физичка култура на универзитетот во Приштина, Косово.

Во 2011 година, магистрирал на Универзитетот во Тирана, на Факултетот за социјални науки, на одделението за социјални работи и политики.

 

КАРИЕРА

По дипломирањето работел во гимназијата „Џевдед Дода” во Приштина. До 2001 година работел како асистент на Универзитетот во Приштина и во Тетово.

Предава на Државниот универзитет во Тетово. Има познавања од англиски јазик.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Фатмир Дехари од 2002 до 2006 година бил заменик министер во Министерството за внатрешни работи, а од 2008 до 2009 бил директор на ЈП „Македонски пошти” во Кичево.

Во 2009 година на локалните избори жителите на општина Осломеј го избрале за градоначалник.

Во јуни 2011 година е избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

На локалните избори во 2013 година е избран за градоначалник на општина Кичево, кон која, во согласност со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија се соединија општините: Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција