Фатмир Изаири

 

Фатмир Изаири е веќе два мандата градоначалник на Општина Желино.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Фатмир Изаири е роден на 22 декември 1962 година, во село Желино.

Оженет е и има две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Медицинскиот факултет и специјализирал педијатрија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

 

КАРИЕРА

Од 1993 година до неговото назначување за градоначалник, работел како лекар и раководител на поликлиника „Флоренс” со пет дејности од примарната здравствена заштита, со околу 30 вработени во редовен работен однос.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Во 2009 година, на локалните избори, е избран за градоначалник на општина Желино, по што станува и претседател на Центарот на Полошкиот плански регион.

Како претставник од ЗЕЛС, е член на Комисијата за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втората фаза од процесот на фискалната децентрализација, а исто така е делегат во Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија.

На локалните избори во 2013 година, жителите на општина Желино, по втор пат му ја даваат довербата за градоначалник.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција