ФБ измама од лажен профил со име и фотографија од сопругата на претседателот Пендаровски

Злоупотребата на името и фотографиите на Првата дама е пријавена во Министерството за внатрешни работи во Секторот за компјутерски криминал. Лажниот профил е пријавен во Фејсбук, одговорија од Кабинетот на македонскиот престедател

Злоупотребата на името и фотографиите на Првата дама е пријавена во Министерството за внатрешни работи во Секторот за компјутерски криминал. Лажниот профил е пријавен во Фејсбук, одговорија од Кабинетот на македонскиот престедател

 

Под името Елизабета Пендаровска и фотографија од сопругата на престедателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска, лажен профил на Фејсбук нуди по 5.000 евра за сто случајно избрани корисници.

Добри вести
Денес случајно ќе изберам 100 среќници за да добијат парична помош од 5.000 евра.
Ве молиме внесете го вашето име во колоната за коментари и споделете ја оваа објава,

пишува во постот, кој,во моментот напишувањето на оваа рецензија, има над 4.000 интеракции (сподлеувања, допаѓања и коментари). Во коментарите се главно имиња и презимиња и линкови до сопствените ФБ профили на луѓе кои побрзале да остават свои податоци во надеж дека ќе станат добитници на 5000 евра. Следи нова инструкција од лажниот профил, кој споделува линк и бара да се внесат податоците што се бараат.

Здраво на сите, благодарам за коментарите. Последниот чекор за да добиете подарок од мене е да го регистрирате вашето име овде https://bit.ly/3DLeYkN Ве молиме следете ги сите упатства што ги даваме за да ја завршите регистрацијата.

По кликнувњето на линкот следи пренасочување прво кон една страна, во која пишува дека по пет минути од успешната регистрација, ќе ги добиете парите.

Кликнувањето на овој линк веднаш води кон друга интернет страна, која е реклама за комјутерска игра. Овој сајт нуди повеќе информации за играта со испраќање на СМС порака, која чини 59 денари. Секако и таму треба да се внеси телефонскиот број.

Не е тешко да се открие измамата. Фејсбук профилот е регистриран на sandi.octareza, на 15.10.2021 година, а првата објава  е во 21:02 часот. Веќе во 21:13 часот објавува дека ќе подели 5.000 евра за сто насјреќни. За профилот да биде поверодостоен, споделени се неколку последни поста од официјалниот профил на претседателот Стево Пендаровски и неговата посета на Шведска.

Сопругата на претседателот го има задржано своето моминско презиме Ѓорѓиевска и секаде на социјалните мрежи под тоа презиме ги има своит профили. Презимето Пендаровска е искористено за овој лажен профил изгледа како веродостоен. Во него поверувале повеќе од 1.800 коисници во моментот на пишувањето на оваа рецензија, кои ги впишале своите податоци. Некои дури се благодарни на хуманоста и на Бога. Меѓу ретките, кои изразиле соменевања има и такви кои реално процениле дека е лажен профил, отворен пред само неколку часа, дека тешко оти некој ќе подели половина милион евра. Меѓу коментарите, има и таков кој се соменева дека ова е чист предизборен поткуп.

Вистиномер контактираше од Кабинетот на претесдателот Пендаровски.

Злоупотребата на името и фотографиите на Првата дама е пријавена во Министерството за внатрешни работи во Секторот за компјутерски криминал. Лажниот профил е пријавен во Фејсбук, одговорија од Кабинетот на македонскиот престедател.

Елизабета Ѓорѓиевска за ова информираше и на својот Фејсбук профил:

Почитувани пријатели,

„Многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име: https://m.facebook.com/sandi.octareza.

Пријавен е во фб и во МВР, но би ве замолила, за побрза реакција од фб, да има што повеќе пријавувања,

Ви благодарам“, напиша Ѓорѓиевска.

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) има изготвено посебни инструции за пријава до Фејсбук и ви случај на лажен профил.

На Фејсбук не се допуштени профили на лица кои лажно се претставуваат!, предупредува ДЗЛП.

Проектот Критинк има серија написи за будно користење на социјалните мрежи и препознавање на вакви измами. Базична препорака е да не се споделуваат личните податоци, ниту податоци за платежни картички на страни за кои не сте сигурни или вашиот пребарувач ве предупредува со вака содржина:

Повеќе информации можат да се добијат и од прирачникот „Со критичко мислење до разобличување дезинформации“.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција