Фејсбук-статус врамен со вулгарен наслов

[Рецензија: МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје]

Материјалот што е предмет на оваа рецензија е целосно непрофесионален и неетички, на читателите им е понудена фејсбук-објава врамена со вулгарен наслов.

Линк до оригиналниот напис: МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје

Датум на објавување: 15.5.2020

Датум на рецензија: 18.5.2020

Рецензира: Дрилон Салиу 

 

Имено, целиот напис се состои во следново:

За најновата одлука дека ќе има митинзи пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, Ивор Мицковски напиша:

Митинзи ќе имало, а богами и врата до врата.

Политиката е игра на компромиси, макар и ј***** м*** на здрава логика и јавно здравје.

Инаку, поентата на врата до врата е покрај тоа да се провери расположението на електоратот и да се подели и пропаганден или брендиран материјал.

Тотална бесмислица, а што се однесува до почитување на мерките, кога станува збор за активирање голема маса на народ во ограничен простор и време, заборавете дека некој ќе ги почитува.

Содржината на текстот, фактички е препишан фејсбук-статус, има линк којшто води до него и толку. Нема никакви други дополнителни информации, ниту, пак, се дава некакво појаснување за пошироката публика кој е авторот на статусот – освен што се наведени името и презимето.

Во текстот не се претставени, на пример, ставовите од политичките партии за Протоколот за избори подготвен од Комисијата за заразни болести, а со кој се дефинира спроведувањето на целокупниот изборен процес – од предизборните активности до денот на гласањето, во услови на епидемија од корона-вирус.

Според тоа што досега е кажано (19.5.2020), нема најава за одржување партиски митинзи. Имено, од владејачкиот СДСМ сметаат дека не треба да има митинзи за време на кампањата и партијата најави дека нема да организира собири од таков тип. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сè уште немаат став за ова, оттаму не го коментираат Протоколот „сè додека не се исполнат сите услови за одржување на изборите“. ДУИ и Алијансата на Албанците (АА) го подржуваат Протоколот и не најавија масовни собири.

Но, во текстот не е направена ваква проверка. 

Освен тоа, пласирани се  вулгарности со цел понижување и нарушување на угледот на личностите што се споменуваат во насловната конструкција. Па иако, во фејсбук- статусот не споменува конкретно ниту еден политичар ниту институција, несомено намерно е креиран наслов со исклучително недолична содржина во кој е заклучено дека авторот на статусот ги „средил” Заев и Филипче: „МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје“

Неспорно е дека авторот на ФБ-статусот може преку социјалните мрежи да искаже свое мислење, но новинарот при пренесување на содржините треба да ги почитува етичките норми. Пред сè, да знае како се пишува вест и што сè треба да опфаќа една содржина за да може да се квалификува како информативна. Да не заборава дека при пишување вест треба да сè има одредена порака, цел и влијание врз јавното мислење, а сето тоа преку изнесување факти, кои во овој случај ги нема.

И, се разбира, добрата новинарска практика налага никако да не се употребува навредилив тон и медиумот да не се користи за лична пресметка.

 

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција