Фејсбук објава за чај ги злоупотребува државните симболи за да ги измами корисниците

Tипична онлајн измама неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми, со цел да ги намами да купат чај кој е наводен лек и да потрошат еден куп пари. За реклама на овој чај наречен Хипертеа, во минатотао беа злопутребувани имиња на познати и признати доктори во Македонија, а имаше и случаи кога целосно беа измислувани личности за да го промовираат. Сега, во оваа објава се злоупотребуваат македонските национални симболи, како државното знаме и државниот грб, за да се прикаже дека објавата е релевантна, иако е уште една од низата измами

Tипична онлајн измама неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми, со цел да ги намами да купат чај кој е наводен лек и да потрошат еден куп пари. За реклама на овој чај наречен Хипертеа, во минатото беа злоупотребувани имиња на познати и признати доктори во Македонија, а имаше и случаи кога целосно беа измислувани личности за да го промовираат. Сега, во оваа објава се злоупотребуваат македонските национални симболи, како државното знаме и државниот грб, за да се прикаже дека објавата е релевантна, иако е уште една од низата измами

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук ги злоупотребува државните симболи на С.Македонија за да ги измами корисниците на социјалната мрежа да кликнат и да нарачаат чај, којшто наводно ќе им помогне против здравствени проблеми со хипертензија..

На објавата е прикачена фотографија на која горе е прикажано македонското државно знаме од десна страна, од лева страна е прикажан македонскиот грб, а до него пишува Министерство за здравство. Под нив пишува:

Добијте помош во борбата против хипертензијата преку социјалната програма

Под овој текст со црни букви на жолта основа пишува „Побарајте помош сега“, што ги наведува корисиниците на Фејсбук да кликнат на линкот.

Кога ќе се отвори линкот се појавува истиот визуелен приказ, но подолу ги наведува оние што кликнале да решат тест.

ВНИМАНИЕ!

ЗА ДА ДОБИЕТЕ СОЦИЈАЛЕН ПОПУСТ – ПОПОЛНЕТЕ АНОНИМНА ДРЖАВНА АНКЕТА

ТЕСТОТ МОЖЕ ДА СЕ ПОЛОЖИ САМО 1 ПАТ.

Можете да го добиете лекот Hypertea за 1200 MKD, преку програмата «ПОМОШ» за населението на Македонија.

 

Кога ќе се кликне на тестот првото прашање гласи Дали досега сте добиле бесплатна помош од Министерство за здравство на Македонија?“, следното прашање е „Дали имате алергија на храна, лекови, полен или отров од инсекти?“, потоа „Што од наведеното ве загрижува најмногу?“, со понудени одговори за некои здравствени состојби. Четвртото прашање е „Дали сте чувствителни на промени во временските услови?“, петтото прашање „Колку долго имате проблеми со крвниот притисок?“, а шестото и последно прашање Колку години имате?“. Откако ќе ги одговорите сите прашања веб-страницата ви вели дека според одговорите на тестот откриени ви се сериозни проблеми и ве наведува да го нарачате чајот. Притоа, рекламата тврди дека ќе го добиете часот со 90 отсто попуст, но цената и пред и после попустот е 1.200 денари.

Oва е типична онлајн измама!

За реклама на овој чај наречен Хипертеа, во минатoтo беа злопутребувани имиња на познати и признати доктори во Македонија, а имаше и случаи кога целосно беа измислувани личности за да го промовираат. Сега, во оваа објава се злоупотребуваат македонските национални симболи, како државното знаме и државниот грб, за да се прикаже дека објавата е релевантна, иако е уште една од низата измами.

За ефикасноста на овој чај, којшто се рекламира на неколку веб и Фејсбук страници, нема ниту официјални истражувања, ниту какви било докази. Сосема паучално се тврди дека чајот помага при чистење на крвните садови, а некои од многуте придобивки кои му се припишуваат се и регулирање на крвниот притисок и подобрување на општата здравствена состојба. Но, ова не е лек. Не е официјален, ниту е одобрен од релевантни институции, ниту може да се најде на официјалниот регистар на лекови на Министерството за здравство, ниту во аптеките.

Овој чај, всушност, е суплемент (додаток) за чија што ефикасност нема ниту официјални истражувања, ниту какви било докази. Нема податоци ниту за неговиот состав, ниту конкретни податоци за производителот.

Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми, со цел да ги намамат да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари.

Со вакви објави, во кои злоупотребува македонското знаме како и грбот на С. Македонија и Министерството за здравство, измамниците се обидуваат да ги намамат луѓето да веруваат дека купуваат чудотворни лекови.

„Вистиномер“ во повеќе наврати пишуваше за овој вид манипулации со јавноста преку кои се продаваа лажни чаеви како Паразол и Хипертеа. На социјалните мрежи често се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори.

Како корисници на онлајн содржини, од клучно значење е да бидете свесни за тактиките што ги користат оние што сакаат да шират лажни или погрешни информации, односно оние коишто сакаат да ја манипулираат јавноста за да постигнат некаква цел. Дезинформациите може да имаат сериозни последици, да наведат поединци да се откажат од докажаните медицински третмани во корист на недокажаните лекови, а со тоа потенцијално да ја влошат нивната состојба или да ја одложат соодветната нега.

Поради изнесените факти оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција