Фејсбук пост инсинуира дека Ненси Пелоси има двојник

Фото: Принтскрин ФБ пост

Нема докази дека вистински политичари се егзекутирани, а нивни двојници ги заменуваат пред камерите и во јавниот живот. Идентитетот на личностите се утврдува со биометриски податоци, со лични документи исто така, јавните личности се предмет на засилена медиумска опсервација, рефлекторите на јавноста се секогаш вперени во нив, во контакт се со голем број на соработници и со јавноста. Така што лажни се наводите во постот дека Ненси Пелоси има двојник, а дека вистинската Ненси Пелоси била егзекутирана. Станува збор за фантазија на авторот на постот преземена од кју теоретичарите на заговори, коишто промовираат теорија (исто така лажна) дека има масовни злосторства врз човештвото кои се спроведени од старана на овие политичари, па затоа тие се тајно убиени

Нема докази дека вистински политичари се егзекутирани, а нивни двојници ги заменуваат пред камерите и во јавниот живот. Идентитетот на личностите се утврдува со биометриски податоци и со лични документи, а јавните личности се предмет на засилена медиумска опсервација, рефлекторите на јавноста се секогаш вперени во нив, во контакт се со голем број соработници и со јавноста.

Станува збор за фантазија на авторот на постот, преземена од кју теоретичарите на заговори, коишто промовираат теорија (исто така лажна) дека има масовни злосторства врз човештвото, спроведени од страна на овие политичари, па затоа тие се тајно убиени

 

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто инсинуира дека двојничка на Ненси Пелоси ќе си даде оставка од функцијата, наводно, бидејќи вистинската функционерка е егзекутирана.

Пелоси,Оставка во најава???

Да напоменам,оригиналите се екзекутирани.Ова се двојници со кои се открива мочуриштето, се вели во постот што го рецензираме.

На следниот линк може да го погледнете целосниот прилог емитуван на „Фокс Њуз“ на 18 октомври 2021, во којшто во повеќе наврати се повторува дека станува збор за шпекулација којашто не е потврдена.

Претставничката од редот на демократите, Ненси Пелоси од Калифорнија, беше реизбрана за претседателка на Претставничкиот дом на САД во 117 состав на Конгресот на почетокот на годинава. Таа доби 216 гласови од вкупно 427 и го осигури местото спикер со четврти мандат.

„Гардијан“ пред една недела направи анализа на тоа дали Пелоси ќе се повлече на крајот на овој мандат, потенцирајќи дека и да се случи и да не се случи тоа, станува збор за 20 годишна кариера на политичарката. „Гардијан“, исто така, пишува дека Пелоси дала некои навестувања дека овој мандат можеби ќе и биде последен. Но, за ова нема никакви потврди или навестувања и дефинитивно не станува збор за ,,оставка”,  како што се тврди во постот, туку за повлекување од политичката кариера по завршен мандат.

Она што е многу попроблематично тврдење во постот е дека ,,оригиналите (на политичарите н.з.) се егзекутирани”.

Ова небулозно тврдење не е вистинито. Од овој Фејсбук профил претходно се објавувани слични конспирациски наративи, кои секогаш се однесуваат на демократите во САД. На пример, таму се тврдеше дека Џо Бајден е клон и дека Мишел Обама не е жена, со дигитално изменета фотографија, односно фотошоп.

Претседателот на Нигерија, исто така, беше доведен во непријатна ситуација да се правда дека не починал и не бил заменет со клон, откако ваквите конспирации почнаа да земаат замав на социјалните мрежи.

Поддржувачите на Кју теоријата на заговор, меѓу кои е и авторот на постот што го рецензираме,  во минатото лажно тврдеа и дека инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, не била вистинска. Кју теориите на заговор промовираат неподдржани со факти тврдења дека вистински политичари се уапсени или егзекутирани, а нивни двојници се поставени за да ги водат владите. За ова нема никакви докази, а на овие бесмислици не им избегаа ниту познатите пејачи и актери за кои, исто така, има фантазии на интернет дека имаат свои двојници.

На интернет се ширеше изменето видео од Ненси Пелоси во обид да ја претстават како да е пијана, иако тоа видео беше забавено и манипулирано и не кореспондираше со реалното.

Поради тоа што нема докази дека вистински политичари се егзекутирани, а нивни двојници ги заменуваат пред камерите и во јавниот живот, а и поради тоа што идентитетот на личностите се утврдува со биометриски податоци, со лични документи и поради тоа што особено јавните личности се предмет на засилена медиумска опсервација, рефлекторите на јавноста се секогаш вперени во нив, во контакт се со голем број соработници и со јавноста. Станува збор за фантазија на авторот на постот преземена од кју теоретичарите на заговори, коишто промовираат теорија (исто така лажна) дека има масовни злосторства врз човештвото кои се спроведени од страна на овие политичари, па затоа тие се тајно убиени.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција