Фијат Цаноски
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Фијат Цаноски е роден на 2 октомври 1960 година во Струга. Според еден извор, неговото семејно потекло е од селото Октиси.
ОБРАЗОВАНИЕ
Завршил Економски факултет и стекнал титула магистер по политички науки.
КАРИЕРА
Работел претежно во градежништвото.
Цаноски е еден од основачите, заедно со Бојо Андрески, на еден од првите приватни факултети во Македонија – Факултетот за општествени науки (ФОН) со насоки европско право и право на ЕУ, дипломатија и меѓународна политика и банкарски менаџмент. Во 2006 година, го создава приватното средно училиште „Петта приватна гимназија“.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Фијат Цаноски е претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), која ја формираше во 2006 година.
Бил пратеник во Собранието на Република Македонија во три мандати, при што бил член или заменик член во неколку комисии и член на пратенички групи
Бомбите
Во прислушуваните разговори, името на Фијат Цаноски е споменувано од високи државни функционери, што се индиции за политичка пресметка со Фијат како политички опонент. Резултатот е очигледен – комплексот „Космос“ е урнат во 2011 година.
СЈО за случајот „Космос“ на 21 април 2016 година го отвори случајот „ТНТ“ и покрена обвиненија.
Со обвинението не беа опфатени аболицираните: поранешен премиер; поранешен министер за транспорт и врски и градоначалникот на општина Гази Баба, но осомничени се и четворица други соработници и бизнис партнери на општината, кои директно се инволвирани во незаконското рушење на „Космос“.
За ова и за другите работи во врска со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и дејствувањето на ПЕИ од опозиција, Цаноски зборуваше и во Топ Тема на телевизијата Телма на 3 март 2016 година.
Цаноски во интервју за „Фактор“ излезе со потврда дека телефонските разговори во времето на случувањата околу „Космос“ биле прислушувани и функционери го знаеле тоа.
ИЗВОРИ
Веб-сајт на Собрание на РМ: Фијат Цаноски
Мета: Кој е Фијат Цаноски: бизнисмен, пратеник и непријател на власта (27 февруари 2015)
Илија Каланоски во „Утрински весник“: Пак место Македонци-муслимани, Торбеши, Турци, и…(7 февруари 2007)
Фактор: ИНТЕРВЈУ ФИЈАТ ЦАНОСКИ: Јанакиески ми беше куќен пријател, а со Груевски ми нанесоа огромно зло! (28 февруари 2015)
МКД.мк: СЈО: Случајот „ТНТ“ покажува дека не постои совршен злостор (21 април 2016)
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар