Филимена Маневска
Филимена Маневска пензионирана судијка и сопруга на Михајло Маневски, поранешен министер за правда во владата на ВМРО-ДПМНЕ
КАРИЕРА
Маневска е поранешна претседателка на Апелацискиот суд во Скопје. Пензионирана е од оваа позиција на 4 јуни 2009 година.
Работела на прекршочни предмети во второстепениот суд.
По заминувањето на Софрониевска, Маневска стана претседател на Кривичниот совет во Апелација.
После пензионирањето станува правен советник и член на комисијата за помилување во Кабинетот на Претседателот Иванов.
Во 2015 станува член и контролор во првиот состав на Советот за факти што ќе ја утврдува одговорноста на судиите.
Бомбите
Во „бомбите“ што ги објави опозицијата често се споменува името на Филимена Маневска, во разговорите што се однесуваат на судството. Постојат индиции дека преку неа се вршело влијание за „местење„ на пресуди од високи државни функционери, од политичари и новинари, како и дека Маневска ги злоупотребувала нејзината службена положба и влијанието на нејзиниот сопруг Михајло Маневски, министер за правда од 2006 до 2011 година.
Против Филимена Маневска нема покренато обвинение од СЈО.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар