Филипче не бара ништо од лицата во карантин, наспроти сугестијата на насловот

 

Пишува: Шефкије Аласани

Насловот ,,Нов удар на Филипче, еве што бара сега од лицата во карантин” објавен на 25 јуни на порталот Aрена, најавува побомбастична и поексклузивна содржина отколку што во текстот се нуди. Имено, насловот, како и целата опрема на текстот, треба да претставува сиже, односно краток осврт во кој се сумирани најглавните поенти од текстот. Од овој наслов, се добива впечаток дека во текстот ќе се извести за некое ново барање кое што здравствените власти го имаат за оние што влегуваат во земјава од странство.

Меѓутоа, насловот е напумпан за да го привлече вниманието и да придобие кликови, за време на една глобална криза кога граѓаните се збунети и со огромен интерес чекаат информации за нормализирање на ситуацијата.

Насловот дава впечаток дека се случило нешто невообичаено, но во самиот текст единствено се истакнува дека од петок нашата држава ќе ги отвори границите без рестриктивни мерки и пишува дека, меѓу другото, министерот за здравство Венко Филипче истакнал дека правните експерти бараат правно решение за лицата кои влегуваат во нашата земја да се ослободат од државен карантин или од решението за самоизолација (и двете ставки се веќе остварени).

Овој наслов не кореспондира со текстот.  Освен тенденциозноста во насловот има и многу јазични и правописни грешки. Читателите треба да се многу внимателни од каде ги добиваат информациите а насловите во време на пандемија треба да ја отсликуваат реалната содржина што се нуди.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција