Филипче не рекол дека сите се водат како ковид починати
Тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, има сериозен недостиг на контекст. Не е точно дека Филипче рекол дека сите случаи што немаат врска со ковид-19 се водат како ковид смртни случаи. Фактите се дека има строги критериуми и насоки кои смртни случаи како да се пријавуваат. А, причината што некој кој дошол да се лекува од друга дијагноза во болница и имал позитивен ковид тест, или подоцна се утврдило дека е позитивен на коронавирусот, е заведен како смртен случај од ковид-19, е тоа што ковидот може да ги забрза смртните последици, затоа што мултисистемски ги напаѓа сите орган
Тврдењето изнесено во постот што го рецензираме има сериозен недостиг на контекст. Не е точно дека Филипче рекол дека сите случаи што немаат врска со ковид-19 се водат како ковид смртни случаи. Фактите се дека има строги критериуми и насоки кои смртни случаи како да се пријавуваат. А, причината што некој кој дошол да се лекува од друга дијагноза во болница и имал позитивен ковид тест, или подоцна се утврдило дека е позитивен на коронавирусот, е заведен како смртен случај од ковид-19, е тоа што ковидот може да ги забрза смртните последици, затоа што мултисистемски ги напаѓа сите органи
Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто манипулативно е извртена изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, каде тој објаснува како во земјата се врши пријавување на починатите од ковид-19. Во постот се прави обид да се протне тезата дека сите причини за настапување на смртта се заведуваат како ковид-19, дури и кога се работи за смртни случаи кои воопшто немаат врска со коронавирусот.
Да потсетам на една многу важна информација која многумина не сакаат да е слушнат и разберат.
ФИЛИПЧЕ – “И ако нема врска со ковидот, СИТЕ ги евидентираме како починати од КОВИД-19”
Со други зборој Вилипче ви вели – Кога ќе соопштиме бројки на починати од ковид, тие не се починати од ковид ама вие ке мислите дека се починати од ковид и ке ги почитувате сите мерки за ковид.”
Целата манипулација е за наше здравjе, се вели во објавата.
Меѓутоа, информациите што се изнесени во овој пост се манипулација и не кореспондираат на начинот на којшто навистина во земјава се пријавуваат смртните случаи. Министерот во изјавата всушност вели:
Да не бидам сфатен погрешно, од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите смртни случаи. Кај нас се случува да се земе брис, а човек да е дојден за друга здравствена услуга, навистина во тешка здравствена состојба којашто нема никаква врска со ковид, да почине многу брзо во болницата поради некаква форма на инфаркт или мозочен удар и после да дојде брисот дека бил носител на вирусот. И ние го пријавуваме и тој пациент. Значи ние не бегаме, ниту нешто сме сокриле од сите тие пациенти кои биле дијагностицирани и дошол брисот пост мортем или да бил починат од некаква друга состојба која била причина за смртта, а сепак биле носители на вирусот. Ние така правиме и пријавуваме, вели Филипче во својата изјава.
На официјалната страница за вакцинација во Македонија, тврдењето дека бројот на жртви од ковид-19 намерно се прикажува висок е оквалификуван како мит!
Во извештајот на ЦДЦ за смртни случаи како резултат на КОВИД-19, истражувачите откриле дека КОВИД-19 може директно и индиректно да доведе до смртност. Луѓето со основни состојби како што се дијабетес или дебелина се изложени на поголем ризик од заразување со КОВИД-19 отколку оние кои немаат хронични болести. Вистина е дека одредена здравствена состојба на една личност може да придонесе за смртен исход од КОВИД-19. Меѓутоа, ако лицето не се заразило со вирусот, тешко дека нивната здравствена состојба би довела до нивна смрт. Бројот на жртви од КОВИД-19, всушност, е веројатно поголем отколку што покажуваат сегашните бројки. Луѓето кои умираат од КОВИД-19 без да бидат тестирани, на пример, може да не бидат вклучени во моменталното сметање. Заводот за статистика на РСМ излезе со бројка на починати во 2020 година која статисички е многу повисока од минатите години.
Објаснувањето зошто ова е мит е логично. Тоа ја вклучува природата на болеста ковид-19, којашто е мултисистемска, односно зафаќа повеќе органи кај пациентот одеднаш.
ШТО ВЕЛИ СЗО?
Светската здравствена организација има издадено насоки за засметување на смртните случаи, како што веќе пишувавме во една од нашите претходни анализи.
Во препораките на СЗО пишува дека секоја смрт што настанала од ковид-19, дури и веројатните случаи кои имаат неодреден резултат, или, пак, сомнителните случаи кои не можеле да се тестираат, да се водат во статистиката како смртни случаи од ковид-19. Крајната одлука е на лекарот, но дури и ако тестот е негативен, а клиничката слика и историјата на случајот се јасно конзистентни со ковид-19, случајот треба да се води како ковид-19.
Според документот објавен на СЗО, а кој го следи нашата земја, дефиницијата за тоа што е смрт настаната поради ковид-19 гласи:
Како смрт поради ковид-19 се дефинира смрт што резултирала од клинички компатибилна болест, во веројатен или потврден случај на ковид-19, освен ако не постои јасна поинаква причина за смртта, која не може да се поврзе со kовид-19. На пример, траума. Смрт што настапила поради ковид-19, не смее да се атрибуира на друга болест, на пример, канцер и треба да се брои независно од околностите за кои постои сомнеж дека го поттикнале агресивниот тек на ковид-19.
Согласно препораките на СЗО произлегува дека Македонија во целост ги следи насоките од страна на оваа организација. Уште минатата година земјава беше пофалена за транспарентноста од страна на претставничката на Светската здравствена организација во Македонија, Џихан Тавила. Таа истакна дека не е точно тврдењето дека Северна Македонија има најголема смртност во регионот од ковид-19. Притоа нагласи дека во Северна Македонија има огромна транспарентност во регистрирањето на смртните случаи и претставувањето на дневните и месечните статистики на заразени и починати.
Поради сите горенаведени факти, тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, го оценуваме како невистинито. Сосема е изместен контекстот кога се вели оти Филипче рекол дека сите случаи што немаат врска со ковид се водат како ковид смртни случаи. Фактите се дека има строги критериуми и насоки кои смртни случаи како да се пријавуваат. А, причината што некој кој дошол да се лекува од друга дијагноза во болница и имал позитивен ковид тест, или подоцна се утврдило дека е позитивен на коронавирусот, е заведен како смртен случај од ковид-19, е тоа што ковидот може да ги забрза смртните последици, затоа што мултисистемски ги напаѓа сите органи.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар