Филмот „Songbird“ е нов, не е направен пред ковид-19 пандемијата

Проектот за филмот беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер од категоријата научна фантастика базиран токму на ковид-19 пандемијата. „Songbird“ беше објавен преку опцијата премиум видео на ЈуТјуб на 11 декември 2020 година

Проектот за филмот беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер од категоријата научна фантастика базиран токму на ковид-19 пандемијата. „Songbird“ беше објавен преку опцијата премиум видео на ЈуТјуб на 11 декември 2020 година

 

Пост на Фејсбук преку кратко видео од филмот „Songbird“ ја манипулира јавноста дека пандемијата со ковид-19 не е случајна и дека сè било однапред испланирано, а тоа се гледало и во посочениот филм. Постот за кратко време стана релативно вирален и дента кога е правена оваа рецензија има околу 40-ина интеракции.

Филмов е пред Ковид. Сме гледале многу вакви слични филмови, да. Но, интересно е што во филмов вирусот се вика КОВИД-23. Стопирајте на сцената кога има вести на телевизорот и ќе видите.
Случајно?, се вели во објавата.

Не, не е ништо случајно и не, филмот не е направен пред пандемијата со ковид-19, како што се тврди во објавата. Имено, филмот е прилично нов, од 2020 година. Проектот за филмот беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер филм од категоријата научна фантастика, базиран токму на пандемијата од ковид-19. Дејството во филмот се одвива во 2024 година, кога вирусот ковид-19 мутира во ковид-23 и светот се наоѓа во четвртата пандемиска година. Режисер на филмот е на Адам Мејсон.
„Songbird“ беше објавен преку ЈуТјуб Премиум, претплатничкиот сервис на Јутјуб, на 11 декември 2020 година и доби спротивставени критики – од тоа дека станува збор за пристоен трилер, претставник на жанрот, до оценката дека е плиток и дека главната цел на филмот е да биде прв игран филм на темата ковид-19, заради што е жртвуван квалитетот, пред сè, квалитетот на самата сторија.

Настрана критичките разијдувања за квалитетот на филмот, она што нас овде не интересира, тоа е периодот на неговото снимање и креирање воопшто, при што на таа тема јасно се изјаснува филмскиот критичар на лондонски „Гардијан“:

Ова е прв голем холивудски трилер, создаден не само во време на пандемија, туку и на тема на самата пандемија, факт кој го издигнува на повисоко ниво овој сосема солиден трилер во нешто уште позабележително, нешто што ќе биде проучувано со текот на годините.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е неточен, пред сè, неточна е информацијата во која се вели дека „филмот е пред ковид“. Причината за неточното временско лоцирање на филмот, односно дали зад грешката имало некаква намера, или, пак, станува збор за „искрена грешка“, е тешко да се открие. Но, она што треба да се потенцира, тоа е фактот дека за периодот на креирањето на филмот нема ништо нејасно, никаков заговор, ниту, пак, станува збор за однапред измислена и испланирана пандемија.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција