Финската премиерка Марин не носи катана во Собранието, фотографијата е фотошопирана

На фотографијата што се споделува е прикажана Марин, облечена во црна облека и носи црна маска на лицето како една од мерките за заштита од ширењето на коронавирусот. Она што е додадено, односно изменето во оваа фотографија, во споредба со оригиналната, е што таа е фотошопиранa и додаден ѝ е меч на грбот, односно катана

На фотографијата што се споделува е прикажана Марин, облечена во црна облека и носи црна маска на лицето како една од мерките за заштита од ширењето на коронавирусот. Она што е додадено, односно изменето во оваа фотографија, во споредба со оригиналната, е што таа е фотошопиранa и додаден ѝ е меч на грбот, односно катана

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук споделена е фотографија од финската премиерка Сана Марин од нејзин говор во финскиот парламент. Проблематично со оваа фотографија е што таа е видоизменета (altered content).

Во објавата се вели:

Премиерката на Финска, да не сака да ги исплаше РУсите??

Фотографијата од Марин е видоизменета, а текстот манипулативно прашува дали таа можеби сакала да ги исплаши Русите.

На фотографијата е прикажана Марин, облечена во црна облека и носи црна маска на лицето како една од мерките за заштита од ширењето на коронавирусот. Она што е додадено, односно изменето во оваа фотографија, во споредба со оригиналната, е тоа што таа е фотошопиранa и додаден ѝ е меч на грбот, односно катана. Целосно црната облека и црната маска најверојатно некого го асоцирало на облеката што ја носат нинџите, а такви сатирични паралели можат да се најдат на интернет просторот.

Но, некој отишол чекор понапред и на фотографијата, на грбот на Марин, додал и катана.

Со оваа фотографија манипулативно се прикажува Марин како да носи оружје во законодавниот дом на Финска и тоа ни помалку ни повеќе, туку за да ги исплаши Русите, што не е вистина, Тоа можат да го потврдат други, официјални фотографии направени во Собранието на Финска тој ден, на кои Марин не носи катана.

Според финскиот весник Хелсинки Тајмс, Марин вака облечена присуствувала и имала говор во Собранието на 28 јануари 2022 година.

Она кое што исто така манупулативно, е прашањето дали Марин вака облечена имала за цел да ги исплаши Русите.

Ова тврдење алудира на одлуката на Финска и на Шведска  за приклучување кон НАТО алијансата, а по воената инвазија на Русија врз Украина.

Двете земји со децении ја одржуваа неутралноста кога станува збор за воени прашања. Руската инвазија го промени расположението на граѓаните, кои дадоа поддршка за приклучување кон НАТО.

Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари годинава, а поднесувањето на барањето за членство во НАТО на овие скандинавски земји се случи во мај 2022 година.

Обраќањето на Марин во финскиот парламент, од каде што е фотошопирана нејзината фотографија се случило во јануари, пред воените дејствија на Русија врз Украина и одлуката на Финска за пристап во НАТО. Оттаму, манипулација претставува прашањето дали таа на овој начин сакала да ги исплаши Русите.

Бидејќи ништо од оваа објава не укажува дека е сатирична, а со оглед на тоа дека фотографијата е видоизменета (altered content), таа преставува манипулација врз јавноста, која се наведува да поверува во нешто што не е вистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција