Фон дер Лајен нема никаква врска со Хитлер и лага е дека ЕУ сака да ја нема С. Македонија

Фото: commission.europa.eu

Фон дер Лајен нема никаква врска со Хитлер. Нацистичкиот лидер на Германија, кратко време бил во брак со Ева Браун, но тие немале деца, така што не може да се тврди дека некој е негов директен потомок. Ридители на Урсула фон дер Лајен се Ернст Албрехт и Хајди Адел Стромаер. Повеќето од нејзините предци биле од поранешните покраини Хановер и Бремен во денешна северозападна Германија. Исто така не е точно ниту тврдењето дека западните држави отсекогаш биле во сојуз со Албанија, Грција и Бугарија –  Албанија и Бугарија по Втората светска војна биле комунистички држави. И, спротивно на тврдењето дека западните земји отсекогаш сакале да ја нема Македонија, таа е членка на НАТО и е кандидат за членство во ЕУ, сојуз во кој членуваат западните земји кои и тоа како нè помагаат 

 

Фон дер Лајен нема никаква врска со Хитлер. Нацистичкиот лидер на Германија, кратко време бил во брак со Ева Браун, но тие немале деца, така што не може да се тврди дека некој е негов директен потомок. Ридители на Урсула фон дер Лајен се Ернст Албрехт и Хајди Адел Стромаер. Повеќето од нејзините предци биле од поранешните покраини Хановер и Бремен во денешна северозападна Германија. Исто така не е точно ниту тврдењето дека западните држави отсекогаш биле во сојуз со Албанија, Грција и Бугарија –  Албанија и Бугарија по Втората светска војна биле комунистички држави. И, спротивно на тврдењето дека западните земји отсекогаш сакале да ја нема Македонија, таа е членка на НАТО и е кандидат за членство во ЕУ, сојуз во кој членуваат западните земји кои и тоа како нè помагаат 

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која коментирајќи ја посетата на претседателката на Европската комисија на Македонија, Урсула фон дер Лајен вели:

Зошто прво во Албанија???… Децата и внуците на Хитлер одсекогаш се биле во сојуз со албанците, грците и бугарите, тие никогаш не ја сакале Македонија и Македонците, тие секогаш одработувале за англосаксонските монструми да ја нема Македонија и Македонија.

Објавата на почетокот сугерира дека Фон дер Лајен е потомок на Хитлер нагласувајќи дека Европската Унија (имајќи предвид дека Фон дер Лајен е претставничка н ЕУ како претседателка на Европската комисија) секогаш била во сојуз со Албанците, Грците и Бугарите и дека ЕУ, односно западните земји, секогаш сакале да ја нема Македонија.

Ваквите тврдења не се точни. Прво, Фон дер Лајен нема никава врска со Хитлер. Нацистичкиот лидер на Германија, кратко време бил во брак со Ева Браун, но тие немале деца, така што не може ни да се тврди дека некој е негов директен потомок.

За потеклото на Фон дер Лајен, Вистиномер веќе има пишувано.

Татко и мајка на Урсула фон дер Лајен се Ернст Албрехт и Хајди Адел Стромаер. Повеќето од нејзините предци биле од поранешните покраини Хановер и Бремен во денешна северозападна Германија, таа има една американска прабаба со британско потекло, подалечни француски и италијански предци и некои предци од денешните балтички држави, тогаш во Царска Русија.

Нејзините предци, од таткова страна, доаѓаат од урбани средини и припаѓаат на едуцирани и деловни кругови. Семејството Албрехт била меѓу хубше („дворски“ или „отмени“) семејствата на електоратот и на Кралството Хановер – држава која била во лична заедница со Обединетото Кралство, а нејзините предци уште тогаш биле лекари, адвокати и државни службеници од 17 век. Нејзиниот пра-прадедо Георг Александар Албрехт се преселил во Бремен во 19 век, каде што станал богат трговец со памук, дел од ханзеатската елита и австроунгарски конзул од 1895 година. Тој се оженил со Лујза Доротеа Бети фон Кнуп, ќерка на баронот Јохан Лудвиг фон Кнуп, еден од најуспешните претприемачи на Руската империја во 19 век.

Бабата и дедото на Фон дер Лејен од страна на таткото биле трговците со памук. Карл Албрехт (1875–1952) и Мери Ладсон Робертсон (1883–1960), Американка која припаѓала на семејство со плантажи од Чарлстон, Јужна Каролина. Нејзините американски предци одиграле значајна улога во британската колонизација на Америка.

За мајка ѝ, Хајди Адел Албрехт, најдовме податок дека била родена на 31 јули 1927 година во близина на Бремен. Таа починала на 6 јули 2002 година во Бејнхорн во близина на Бургдорф.

Второто тврдење во објавата дека ЕУ, односно западните држави отсекогаш била во сојуз со Албанија, Грција и Бугарија, исто така не е точно. Како што е познато, Албанија и Бугарија по Втората светска војна биле комунистички држави. По завршувањето на Втората светска војна и поразот на Нацистичка Германија, Албанија првично станала сателитска држава на Советскиот Сојуз, а потоа Енвер Хоџа се појавил како водач на новоформираната Народна Република Албанија. Советско-албанските односи започнале да се влошуваат по смртта на Сталин во 1953 година. Тогаш земјата почнала да развива надворешни односи со другите комунистички земји, меѓу другите, и со Народна Република Кина.

Бугарија, како и Албанија, по Втората светска војна беа во Варшавскиот сојуз со социјалистичките земји од Средна и Источна Европа. Грција не била де од Варшавскиот сојуз.

И трето, објавата тврди дека западните земји отсекогаш сакале да ја нема Македонија. Докази за ваквото тврдење не се понудени. Спротивно на тоа,  С.Македонија е членка на НАТО, најголемиот воен сојуз во кој членуваат и  западните земји. С. Македонија е кандидат за членство во ЕУ, унија во која членуваат западните земји и кои и тоа како нè помагаат и политички и финансиски на патот кон целосното членство.

Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како нееточна.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција