Формиран е Национален комитет за спречување на насилен екстремизам

Фото: mvr.gov.mk

 

ВЕТУВАЊЕ: Формирање и именување на членови на Национален комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализација која води кон тероризам и назначување на Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и негови заменици.

[Извор: План 3-6-9, стр.6, датум: јули 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за „формирање и именување на членови на Национален комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализација која води кон тероризам и назначување на Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и негови заменици“, е исполнето ветување на Владата. Станува збор за ветување од Планот 3-6-9  , предвидено во делот на реформите на разузнавачките и безбедносните служби (стр.6).

Реализацијата на ова ветување е забележана во Фактографскиот извештај кој го објави Владата за остварување на мерките од Панот 3-6-9 во периодот од 04.07.2017 до 17.04.2018 година.

Во Фактографскиот извештај е наведено:

На седницата одржана на 04.08.2017г. Владата донесе Решение за назначување на членови, заменици членови и секретари на Национален Комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Одлуката е објавена во „Сл.Весник на РМ” бр.98 од 01.08.2017 г.

Што се однесува до назначувањето на Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и негови заменици во Фактографскиот извештај е забележано:

Владата на седницата одржана на 4.8.2017г. донесе Одлука за именување на Националниот координатор за спречување насилен екстремизам, како и Одлуки за именување на Заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам и Заменик национален координатор за борба против тероризам. Одлуките се објавени во „Службен весник на РМ“ бр. 110 од 14.8.2017г.

На официјалната веб – страница на Владата, во делот на седници на Владата, за 20-та седница одржана на 04.08.2017 година, е објавен Записник од седницата, кој може да се преземе. Од Записникот може да се види дека Владата под точка 21, го донела решението за именување членови, заменици-членови и секретар на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, со заклучок во точка еден, подточка в) на местото секретар на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам да се именува Јовче Ременски од Министерството за внатрешни работи.

Истовремено, Владата на предлог на Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи заклучи:
– Го именува Борче Петревски од Министерството за внатрешни работи за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
– Го именува Златко Апостолоски од Министерството за внатрешни работи за заменик Национален координатор за борба против тероризам.
– Го именува Џеладин Тефик Ајвази од Министерството за образование и наука за заменик Национален координатор за спречување на насилен екстремизам.
Согласно ова да се подготви соодветен акт кој да се смета за донесен на оваа седница на Владата, се наведува во Записникот од седницата.

Во април 2018 година, Владата ги објави Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризмот (2018-2020) и Националната стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам (2018-2020).

Националните стратешки документи беа изработени од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам кој е раководен од Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, заменик Национален координатор за спречување на насилен екстремизам, заменик Национален координатор за борба против тероризам, а во комитетот партиципираат 22 членови и 22 заменици членови кои се постојано вработени во 21 Министерство и институции на Република Македонија, соопшти Владата.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Владата за „формирање и именување на членови на Национален комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализација која води кон тероризам и назначување на Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и негови заменици“, е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција