Фотографија на Меркел од посетата на моделот „Ербас А350“, злоупотребена за „кемтрејлс“ дезинформации

Фотографијата на германската канцеларка Ангела Меркел, прикажана во постот, е направена седум години пред почетокот на пандемијата со коронавирусот.  Снимката е од мај 2014 година на Меѓународната изложба за авијација во Берлин,  a канцеларката е снимена при посетата на новиот модел на Ербас, А350. Оригиналната фотографија може да се најде на веб-страницата на „Ербас“, а слична фотографија од истиот настан е објавена на веб-страницата на германската Влада. Специјализираната веб-страница „Aero.de“  во напис кој се однесува на прототипот „Ербас А350“ којшто го посети Меркел,  објаснува дека бурињата (прикажани на фотографиите на Фејсбук) се резервоари за баласт кои се користат во текот на пробните летови

Фотографијата на германската канцеларка Ангела Меркел, прикажана во постот, е направена седум години пред почетокот на пандемијата со коронавирусот.  Снимката е од мај 2014 година на Меѓународната изложба за авијација во Берлин,  a канцеларката е снимена при посетата на новиот модел на Ербас, А350. Оригиналната фотографија може да се најде на веб-страницата на „Ербас“, а слична фотографија од истиот настан е објавена на веб-страницата на германската Влада. Специјализираната веб-страница „Aero.de“  во напис кој се однесува на прототипот „Ербас А350“ којшто го посети Меркел,  објаснува дека бурињата (прикажани на фотографиите на Фејсбук) се резервоари за баласт кои се користат во текот на пробните летови

 

Уште една од низата теории на заговор за наводно масовно труење – „запрашување“ од воздух, познато како „кемтреилс“ (chemtrails), и сето тоа  поврзано со пандемијата со коронавирусот, деновиве повторно се шири на социјалната мрежа Фејсбук.

Во овој манипулативен пост, комбиниран со колаж од неколку фотографии, се тврди:

Со забрана на летови над нашето небо би се решила короната за 14 дена !

Ова, се разбира не е точно.

На некои од прикачените фотографии се гледаат авиони и трагите од кондензацијата на издувните гасови од млазните мотори кои ги oставаат во воздухот. Исто така, прикажани се фотографии со буриња, кои наводно претставуваат внатрешност на „Chemtrail” авион, а на една од нив ја има и германската канцеларка, Ангела Меркел.

Сето ова е претставено како „доказен материјал“ дека авионите испуштаат опасни хемикалии со кои од воздух се труе населението,  па затоа, постот сугеруира да се забранат авионски прелети со што ќе се реши проблемот со опасниот вирус!

Ваквите тврдења се потадливи за манипулации и сеење паника кај граѓаните дека од небо се „запрашуваат“ со биолошки и хемиски отрови, но тие немаат  никаква научна поткрепа,

Истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не нашле „ниту еден веродостоен доказ дека „кемтрејлс“ постои“.

Во врска со оваа тема и магазинот „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните. 

Фотографијата, пак, на германската канцеларка Ангела Меркел во авионот e стара и е направена многу години пред почетокот на пандемијата со коронавирусот. Снимката е од Меѓународната изложба за авијација што се одржа на 20 до 25 мај 2014 година во Берлин,  a канцеларката е снимена при посетата на новиот модел на Ербас, А350. Оригиналната фотографија може да се најде на веб-страницата на „Ербас“, а слична фотографија од истиот настан е објавена на веб-страницата на германската Влада.

Што се однесува до бурињата, кои се прикажани на сликите тоа се всушност резервоари за баласт, кои ја симулираат тежината на патниците при тестирањето на  летечките својства на авионите. Специјализираната веб-страница „Aero.de во напис објавен на 20 мај 2014 година, а се однесува на прототипот „Ербас А350“ којшто го посети Меркел,  објаснува дека бурињата се резервоари за баласт кои се коиристат во текот на пробните летови.

Вакви фотографии со буриња  се објавени во повеќе книги од шеесеттите и од деведесеттите години на минатиот век, и како што може да се прочита во нив, тие воопшто не содржат никакви хемикалии, туку  симулирале патници на некои рани тест летови во втората половина на минатиот век.

Така што, прикажаните фотографии во постот немаат ама баш никаква врска со некакво воздушно масовно труење, ниту, пак, со корона-пандемијата и во конкретниот случај тие се искористени за манипулирање на јавноста. Ваквите тврдења не само што се погрешни, туку се и опасни. Да се пласираат вакви невистини во ситуација кога пандемијата зема замав, а во болниците буквално се моли за кревет и секојдневно битката со ковид-19 ја губат по над 30 луѓе, е крајно неодговорно, па дури и нечовено.

Инаку, Ваквите „хемтрејлс“ дезинформации, досега се  разоткриени од повеќе сервиси за проверка на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz.српскиот сервис Istinomer.rs , како и во рецензии  на „Вистиномер“. Со разоткривањето на оваа заговорничка теза речиси една деценија се занимава британскиот истрaжувач Мик Вест (metabunk.org), кој уште во јули 2012 година дебанкирал постови на Фејсбук кои шират фотографии кои, наводно, покажуваат внатрешност на „кемтрејл авиони“.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција