Фотографијата на дете залепено на брзиномер е стара и не е од земјава

Фото: скриншот од дел од постот

Вест наменета за собирање кликови е објавена на ФБ страната на медиум што објавува на македонски јазик, е без контекст и со фотографија која кружи на интернет најмалку од 2016 година

Вест наменета за собирање кликови е објавена на ФБ страната на медиум што објавува на македонски јазик, е без контекст и со фотографија која кружи на интернет најмалку од 2016 година

 

Објава на Фејсбук страницата на Прилеп денес манипулира со јавноста со текст и фотографија поврзана со безбедноста во сообраќајот.

Станува збор за текст со наслов „(Фото) Потег кој ги трогна сообраќајните полицајци:Запреле автомобил чии возач имал…“

Притоа, во веста што е  споделена, меѓу другото, се наведува:

Ова е одличен начин да се подобри сигурноста во возењето. Сообраќајни полицајци запреле автомобил во текот на рутинска контрола и имале што да видат.

Инструмент табла била доста невообичаена. На брзинометарот била залепена фотографија на момче. Кога го прашале возачот зошто го направил тоа, одговорот ги воодушевил.

-Тоа е мојот син. Кога и да ја погледнам таа фотографија знам дека не смеам да возам побрзо од 100 на час , поради него живеам“, кажал возачот кој им измамил насмевка на полицајците.

Ова е прекрасна идеја, и би спречила многу несреќни случаи. Споделете за да ја рашириме оваа идеја која може да спаси многу животи

Објавата што ја рецензираме нема контекст. Иако самата објава може да се толкува дека оди во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, таа, пред сè, е вест чија конструкција и наслов се единствено направени за повеќе кликови, т.е. клик-бејт информација.

Нашето пребарување на интернет покажа дека слични информации, со иста фотографија се објавувани неколку години наназад, најчесто на приватни блогови, профили од социјални мрежи и по некој медиум. Само еднаш била објавена на два сајта на медиум во земјава, а тоа било во 2018 година на сајтот на Македонија денес, кој денес не постои и истата година на сајтот на Мотика, каде што уште може да се види.

Најстарата објава на интернет што можеше да се најде е објавена во 2016 година на американскиот агрегатор на социјални мрежи Реддит. Од април 2016 на оваа мрежа биле забележани уште 9 објави со идентичната фотографија.

Оттогаш, повторување на оваа фотографија може да се види на повеќе сајтови, блогови и мрежи низ целиот свет секоја календарска година, а сите објави можете да ги видите на оваа адреса на пребарувачот на фотографии ТинАј.

Според фактите што ги имаме, може да се оцени дека објавата е без контекст. Не може да се потврди дека настанот се случил некаде во Северна Македонија, а со оглед дека е објавена на Прилеп денес, не може да се тврди и дека е на подрачјето на Прилеп. А, објавата со првата фотографија, двајца сообраќајни полицајци со ознаки на МВР, асоцира дека се случила некаде во земјата.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција