Фотографија од брат на починат британски војник, злоупотребена за споделување на религиозна приказна

Фотографијата е објавена во британски таблоид „Мирор“ на 5 декември 2019 година, а на неа е претставен војникот Фин Доерти, кој се придружил на армијата откако завршил 19 неделен тренинг во Северен Јоркшир.Тој на церемонијата ја носел беретката од неговиот брат Џеф, кој починал во мисија во Авганистан во 2008 година. Оваа фотографија е искористена за креирање сомнителна приказна со религиозна содржина, која е од непознат автор, со непознати личности и актери и за која не се знае дали воопшто се случила

Фотографијата е објавена во британскиот таблоид „Мирор“ на 5 декември 2019 година, а на неа е претставен војникот Фин Доерти, кој се придружил на армијата откако завршил 19 неделен тренинг во Северен Јоркшир.Тој на церемонијата ја носел беретката од неговиот брат Џеф, кој починал во мисија во Авганистан во 2008 година. Оваа фотографија е искористена за креирање сомнителна приказна со религиозна содржина, која е од непознат автор, со непознати личности и актери и за која не се знае дали воопшто се случила

 

Вирален пост на Фејсбук користи лажна фотографија налепена на религиозна содржина, со цел да предизвика читателите да го споделуваат за да добие поголема видливост.

Млад човек кој работел во армијата бил постојано понижуван затоа што верувал во Бога. Еден ден капетанот сакал да го понижи пред војниците. Му се јавил на момчето и му рекол: Млад човеку дојди тука, земи го клучот и оди паркирај го џипот напред. Младиот човек одговорил: Не знам како да возам! Капетанот одговорил: Тогаш побарајте помош од вашиот Бог! Покажи ни дека постои! Младиот човек го зел клучот, возел и почнал да се моли. Потоа го паркирал џипот исто како што сакал Капетанот. Кога младиот војник излегол од џипот ги видел сите како плачат. Сите му рекле:– Сакаме да му служиме на твојот Бог! Младиот војник се зачудил и прашал-што се случува? Капетанот плачејќи ја отворил хаубата на џипот и му покажал на младиот човек дека автомобилот нема мотор! Тогаш момчето рекло: Гледаш? Ова е Бог на кој му служам, ништо не е невозможно со Бога, Бог кој му дава живот на оној кој не постои. Можеби мислите дека ова се невозможни работи, но со Бога сè е можно. Ти што го читаш ова, Господ работи за супер чуда во твојот живот. Кажи „Амин“ и #сподели ако веруваш во Божјите чуда!”, се вели во постот.

Тој е илустриран со фотографија од човек во војничка облека, со црвена беретка со солзи во очите.

„Вистиномер“ истражуваше од каде оригинално потекнува оваа фотографија и дали има некаква врска со некој млад човек кој служел во армија, верувал во Бога и на кого му се случила горенаведената случка.

Истражувањето не донесе до текст објавен во британскиот медиум „Мирор“, објавен на 5 декември 2019 година.

Сторијата раскажува животна приказна којашто е многу поинаква од текстот што се споделува во постот што го рецензираме. Имено, на фотографијата е претставен војникот Фин Доерти, на возраст од 18 години, кој се приклучил во армијата откако завршил 19 неделен тренинг во Северен Јоркшир.

Овој 18-годишен војник на церемонијата ја носел беретката од неговиот брат Џеф, кој починал во мисија во Авганистан во 2008 година.

На следната фотографија  претставен е моментот од носењето на посмртните останки на братот на Фин, во 2008 година. Фичер сторијата на „Мирор“ илустрира како низ годините помладиот брат се трудел да ги следи стапките на неговиот повозрасен брат кој загинал во Авганистан. На прикажаните фотографии на кои е снимен Фин на различна возраст, тој ја носи беретката на брат му Џеф..

Оваа сторија воопшто не е претставена во склоп на илустрацијата којашто го придружува постот. Наместо неа, раскажана е приказна од непознато потекло од непознат автор, со непознати личности и актери, која не се знае дали воопшто се случила. И,  сето тоа поткрепено со апел за споделување на објавата ако читателите веруваат во божјите чуда!

„Вистиномер“ не навлегува, ниту, пак, има намера да навлегува во верските уверувања на било кого, ниту, пак, да полемизира со нив. Токму затоа, редакцијата не навлегува во истражување на вистинитоста на настанот за кој говори приказната од објавениот пост. Но, во конкретниов случај, фотографија, снимена по конкретен повод, кој нема никаква врска со објавената пријказна, е искористена за манипулација и стекнување поголема видливост и на самиот пост и на страницата која го пропагира. Сето ова, иако фотографијата сама по себе нема врска со објавената приказна. Оттука, употребата на фотографијата во ваков контекст ја оценуваме како манипулативна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција