Фотографија со жена и бебенце три години измамува корисници на Фејсбук

Фото:Принтскрин

Жената на фотографија којашто се споделува во овој пост не е од Македонија, ниту, пак, има какви било докази дека го посвоила ова дете. Фотографијата од оваа жена и бебето, може да се најдат на разни Фејсбук страници во повеќе земји. Некои објави се слични со оваа и велат дека жената го посвоила детето, други, пак, дека жената станала мајка во подоцнежна возраст. Ваквите постови имаат за цел да привлечат внимание на социјалните мрежи и предизвикувајќи емпатијата и емоции кај јавноста да добијат видливост преку голем број на кликови, реакции, коментари и споделувања

Жената на фотографија којашто се споделува во овој пост не е од С. Македонија, ниту, пак, има какви било докази дека го посвоила ова дете. Фотографијата од оваа жена и бебето може да се најдат на разни Фејсбук страници во повеќе земји. Некои објави се слични со оваа и велат дека жената го посвоила детето, други, пак, дека жената станала мајка во подоцнежна возраст. Ваквите постови имаат за цел да привлечат внимание на социјалните мрежи и предизвикувајќи емпатијата и емоции кај јавноста да добијат видливост преку голем број кликови, реакции, коментари и споделувања

 

 

Оваа објава е една од многуте на Фејсбук чија цел е да привлечат внимание на социјалните мрежи и предизвикувајќи емпатијата и емоции кај јавноста, да добијат видливост преку голем број кликови, реакции, коментари и споделувања. Фотографија од жена која држи бебенце стана вирлана на социјалните мрежи поради текстот што го пишува во самата објава.

Долги години немав деца и решив да си го посинам ова ангелче! ❤️ Посакајте ни Здравје! 🍀💞

Бидејќи жената и детенцето се објавени на Фејсбук страница која се вика „Македонија на дланка“, логично е корисниците на социјални мрежи да помислат дека станува збор за ситуација којашто се случува во земјава.

Но, оваа објава е измама. Жената не е од С. Македонија, ниту, пак, има какви било докази дека го посвоила ова дете. Оваа објава е една од многуте на Фејсбук, чија цел е да привлечат внимание на социјалните мрежи и, предизвикувајќи емпатијата и емоции кај јавноста, да добијат видливост преку голем број кликови, реакции, коментари и споделувања.

Фотографијата од оваа жена и бебето може да се најдат на разни Фејсбук страници во повеќе земји. Некои објави се слични со оваа и велат дека жената го посвоила детето, други, пак, дека жената станала мајка во подоцнежна возраст.

Па, така, на крајот на март истата фотографија е објавена на српска Фејсбук страница со текст:

20 години сум во брак.. имам 42 години.. не можам да имам деца.. па го посвоив ова момче од дом за деца.. каде што сум вработена веќе 22 години.. ЌЕ МУ БИДАМ ВИСТИНСКА МАЈКА.. СÈ НА СВЕТОТ.. ПОДДРЖЕТЕ НЕ.

Со целосно ист текст фотографијата е објавена на друга Фејсбук страна на крајот на февруари.

На неколку Фејсбук страници (тука, тука и тука) фотографијата е објавена во септември минатата година. Овој пат се вели дека жената има 40 години.

Друга објава вели дека жената била мажена 19 години пред да го посвои детето.

Во април оваа жена и бебе се објавени на ерменска Фејсбук страница на која се вели дека жената била во брак 15 години и немала деца, па затоа го посвоила детенцето.

Фотографијата може да се најде и со Фејсбук објава на руски јазик каде што, во овој случај, се вели дека жената добила дете на повозрасни години:

Воопшто не е страшно да се стане мајка за прв пат на 40 … Да ѝ честитаме на среќната мајка.

Исто така, на руска страница, мајката е наречена Надежда.

И, конечно, таа дочека! 30 години чекање и Надежда конечно стана мама! Пријатели, да им посакаме заедно среќа и добро здравје.

На една од објавите минатата година бебето дури и добило име – Иван, кое што најверојатно, исто така, не е реално како што не се вистински ниту една од овие објави.

Жената и детенцето биле објавени на Фејсбук и во 2019 година каде што се тврди дека жената првпат станала мајка на 40 години.

Она што е јасно од речиси 600 коментари на објавата што ја рецензираме е дека корисниците на социјалната мрежа Фејсбук се измамени и поверувале во напишаното. Речиси сите коментари се честитки, искрени желби и благослови, како и искажување на поддршка за направеното добро дело.

И, не се измамени само корисниците на социјалните мрежи кои имале интеракција со оваа објава, туку сите оние кои што поверувале во десетиците објави на оваа иста фотографија објавена во различен контекст во текот на изминатите неколку години. Тоа се повеќе илјадници реакции, искрени и убави коментари со честитки како и споделувања во знак на поддршка на објави кои се лажни.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција