Фотографијата од потпрена хауба со калашников не е снимена во Тетово

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук нема никаква врска ниту со Тетово, ниту со Македонија. Пребарувањето на пребарувачот Гугл покажува дека оваа слика е поврзувана со редица држави како Хрватска, Русија и Бугарија. Според податоците на пребарувачот, фотографијата најверојатно е направена во Бугарија, на крајот на јануари. Бугарскиот весник „Бугарија денес“ ја објавил оваа слика во категоријата „фотографија на денот“ на 26 јануари и притоа дадено е објаснување дека не станува збор за вистинско оружје туку за детска играчка

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук нема никаква врска ниту со Тетово, ниту со Македонија. Пребарувањето на пребарувачот Гугл покажува дека оваа слика е поврзувана со редица држави како Хрватска, Русија и Бугарија. Според податоците на пребарувачот, фотографијата најверојатно е направена во Бугарија, на крајот на јануари. Бугарскиот весник „Бугарија денес“ ја објавил оваа слика во категоријата „фотографија на денот“ на 26 јануари и притоа дадено е објаснување дека не станува збор за вистинско оружје туку за детска играчка

 

 

Фотографија од автомобил Ауди на кој хаубата му е отворена и потпрена со оружје кое што наликува на калашников, се тврди дека е снимена во Тетово и така се споделува на социјални мрежи, а објавена е и на дел од медиумите.

Нo, фотографијата не е снимена во Тетово. Иако на прв поглед може да се донесе таков заклучок, затоа што на регистарската табличка на автомобилот до којшто стои човек, пишува „ТЕ“, односно ознаката која што се користи за автомобили регистрирани во Тетово, фактите говорат дека оваа фотографија е едитирана и станува збор за фотомонтажа.

Фотографијата нема никаква врска ни со Тетово ниту со Македонија. Пребарувањето на пребарувачот Гугл покажува дека оваа слика е поврзувана со редица држави како Хрватска, Русија и Бугарија. Според податоците на пребарувачот, фотографијата најверојатно е направена во Бугарија, на крајот на јануари годинава.

Бугарскиот весник „Бугарија денес“ ја објавил оваа слика во категоријата „фотографија на денот“ на 26 јануари. Како автор на фотографијата е потпишан Александар Тасевски и притоа дадено е објаснување дека не станува збор за вистинско оружје туку за детска играчка.

Според очевидци на случката, нема причина за тревога затоа што оружјето е сепак детска играчка, а не вистински автомат, пишува во објавата на медиумот.

Тука фотографијата е објавена со регистерски таблички CB (ЦВ), што според кодовите за таблиците во Бугарија значи дека се работи за регистрација од Софија,

Истата фотографија, но со различни ознаки на регистарската табличка, кои асоцираат на градот Шибеник, е објавена и на Фејсбук страницата „Crazy Croatia“ во февруари.

На интернет просторот може и да се најдат тврдења дека фотографијата е снимена во Русија.

Оваа фотомонтажна кај нас првично е објавена на Офф.нет (текст), а потоа и од неколку други медиуми (ФБ), кои како извор (ФБ) на информација ги посочуваат социјалните мрежи.

Освен што фотографијата е монтирана за да се добие впечаток дека станува збор за автомобил регистриран во Тетово и со тоа се измамува јавноста, особено проблематично во оваа објава е тоа што баш Тетово е земен како мултиетнички град на кој ќе му се припише фотографијата. Овде се препознава ширење стереотипи за цел еден град и асоцирање на тетовчани со насилство. Поради таквите стереотипи и предрасуди потоа на целиот град му се подметнува етикета дека е криминоген без никаква реална причина и за нешто што се случило во сосема друга држава.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција