Фотографијата со наводната Захариева – студентка, е лажна

Фото: дел од постот со фото-монтажата

Фотомонтажа со бугарска министерка за надворешни работи наводно од нејзините студентски денови кружи на повеќе профили на корисници на ФБ и на Твитер од земјава. Екатерина Захариева е прикажана во провокативна поза, полуоблечена, со што се создава импресија за нејзе врз основа на невистинита содржина — дезинформација

Фотомонтажа со бугарска министерка за надворешни работи наводно од нејзините студентски денови кружи на повеќе профили на корисници на ФБ и на Твитер од земјава. Екатерина Захариева е прикажана во провокативна поза, полуоблечена, со што се создава импресија за нејзе врз основа на невистинита содржина — дезинформација

 

Пост објава на Фејсбук на страната „Политички Циркус“ прикажува монтирана фотографија која треба да ги убеди корисниците дека станува збор за бугарската министерка Екатерина Захариева во студентски денови.

На фотографијата е испишан текст на кој пишува:

Захариева, Студентски град – Софија, блок 7, соба 1212, 12-ти спрат. Кој памти, нека честита…

„Вистиномер“ направи проверка на фотографијата преку длабинско пребарување на интернет и дојде до следните факти:

1.Фотографијата е објавена за прв пат во 2013 година и е реобјавувана таа година повеќе пати на повеќе веб страници кои нудат порнографска содржина или, пак, се сајтови за запознавање или сајтови за ескорт услуги.

Фото: дел до сајтовите каде е објавена оригиналната фотографија

2.Фотографијата прoдолжува со својот вирален живот во 2015 година, а потоа се реобјавува секоја година на исти такви сајтови редовно, се до 2018 година, во март, април и мај. Оттогаш не е објавувана на интерент, а повеќето од сајтовите каде била објавена или не постојат, или ја имаат избришано.

3. Според насловите на повеќето објави, станува збор за девојка од Азија, или од Пакистан, или од Индија.

4. Анализата на фотографијата покажува дека во целост станува збор за идентична фотографија како во постот што го рецензираме, со исклучок на главата на девојката, која во постот е намонтирана со глава од жена која што треба да личи на Екатерина Захариева.

Фото: дел од оригиналната фотографија на непознатата девојка

Според овие факти, овој пост може да се одбележи како пост со лажна фотографија-монтажа.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција