Фотографија креирана со вештачка интелигенција дезинформира дека ЕУ и НАТО се терористички
Кога ќе се погледне во долниот десен агол на фотографијата се гледа логото на „Грок“ – платформа за вештачка интелигенција што генерира висококвалитетни фотографии. Логото на „Грок“ служи меѓу другото и за да се идентификуваат фотографии и содржина креирана со вештачка интелигенција, како што е случајот со фотографијата во објавата што ја рецензираме. Ниту тоа што е испишано на фотографијата креирана со вештачка интелигенција не е точно. Ниту НАТО, ниту ЕУ не се терористички организации
Кога ќе се погледне во долниот десен агол на фотографијата се гледа логото на „Грок“ – платформа за вештачка интелигенција што генерира висококвалитетни фотографии. Логото на „Грок“ служи меѓу другото и за да се идентификуваат фотографии и содржина креирана со вештачка интелигенција, како што е случајот со фотографијата во објавата што ја рецензираме. Ниту тоа што е испишано на фотографијата креирана со вештачка интелигенција не е точно. Ниту НАТО, ниту ЕУ не се терористички организации
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
Погледнете што се случува ширум светот денес, особено во Украина и Сирија. realDonaldTrump се обидува да донесе мир, но глобалистичките кловнови на НАТО и ЕУ се пеколно наклонети да ја попречат неговата работа.
Во склоп на објавата има фотографија создадена со вештачка интелигенција. На фотографијата има знак „НАТО и ЕУ се терористички организации“. Но, кога ќе се погледне во долниот десен агол се гледа логото на „Грок“ – платформа за вештачка интелигенција што генерира висококвалитетни фотографии. Логото на „Грок“ служи, меѓу другото и за да се идентификуваат фотографии и содржина креирана со вештачка интелигенција, како што е случајот со фотографијата во објавата што ја рецензираме. Ниту тоа што е испишано на фотографијата креирана со вештачка интелигенција не е точно. Ниту НАТО, ниту ЕУ не се терористички организации.
Според дефиницијата на ФБИ, меѓународен тероризам се насилни, криминални дејствија извршени од поединци и/или групи кои се инспирирани или поврзани со назначени странски терористички организации или нации (државно спонзорирани). Тероризмот е нешто против кое НАТО отворено се бори.
Работата на НАТО за борба против тероризмот се фокусира на подобрување на свесноста за заканата, развивање на способности за подготовка и одговор и зајакнување на ангажманот со земјите партнери и другите меѓународни актери. НАТО ја повика својата клаузула за колективна одбрана (член 5) за прв и единствен пат како одговор на терористичките напади на 11 септември 2001 година врз Соединетите држави. Насоките на НАТО за антитерористичка политика ги фокусираат напорите на Алијансата на три главни области: свесност, способности и ангажман. Контратерористичката работа на НАТО ги опфаќа трите основни задачи на Алијансата: одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност. Во седиштето на НАТО е формирана разузнавачка ќелија за тероризам.
И Европската Унија јасно се спротивставува на тероризмот.
Борбата против тероризмот е главен приоритет за ЕУ. Земјите-членки тесно соработуваат за да спречат терористички напади и да ја обезбедат безбедноста на граѓаните. По серијата напади од 2015 година, Европската Унија усвои различни мерки за запирање на тероризмот.
Во 2015 година, лидерите на ЕУ издадоа заедничка изјава за водење на работата на ЕУ и нејзините земји-членки. Во неа се повика на конкретни мерки, фокусирајќи се на три области: обезбедување на безбедноста на граѓаните, спречување на радикализацијата и зачувување на вредностите, соработка со меѓународни партнери. Во ноември 2020 година, по терористичките напади во Франција, Германија и Австрија, министрите за внатрешни работи на ЕУ се согласија дополнително да ги зајакнат нивните заеднички напори во борбата против тероризмот, без да се загрозат заедничките вредности на ЕУ, како што се демократијата, правдата и слободата на говорот. Во декември 2020 година, лидерите на ЕУ го потврдија своето единство во борбата против радикализацијата, тероризмот и насилниот екстремизам.
Според правото на ЕУ, терористички дела се дела извршени со цел сериозно заплашување на населението, прекумерно принудување влада или меѓународна организација да изврши или да се воздржи од извршување на кое било дело и сериозно дестабилизирање или уништување на основните политички, уставни, економски или општествени структури на една земја или меѓународна организација.
Што се однесува на делот од објавата каде се споменува дека Доналд Трамп се обидува да донесе мир во Сирија, неговата изјава од декември 2024 укажува на тоа дека ставот е да нема мешање.
По падот на Башар ал Асад, Трамп изјави дека „тоа не е наша борба“ (на САД н.з).
Во Сирија е хаос, но не е наш пријател. САД не треба да имаат врска со тоа, ова не е наша борба. Не се вклучувајте, напиша тој, а пренесе Би Би Си во декември.
Пентагон во декември го ажурираше бројот на персонал за кој рече дека е присутен во земјата, велејќи дека бројката е, всушност, 2.000. САД почнаа да испраќаат војници во Сирија во 2014 година со наведена цел да го поразат ИСИЛ (ИСИС), но американските сили останаа во земјата по територијалниот пораз на групата во 2017 година.
Што се однесува на тврдењето во објавата што ја рецензираме дека Трамп се обидува да воведе мир во Украина ама НАТО и ЕУ се наклонети да го попречуваат, главното е дека Русија е таа што го попречува мирот во Украина која ја нападна неиспровоцирано и почна да зазема нејзини територии по пат на анексија. Украина е жртва на неиспровоцирана воена инвазија. Повеќе за ова прочитајте во нашата претходна рецензија.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар