Фотографија креирана со вештачка интелигенција лови емоции на Фејсбук
Објавата има над 200 допаѓања и над 40 коментари. Меѓутоа, фотографијата не е автентична туку е создадена со помош на вештачка интелигенција. Вистиномер во пребарувачот Гугл во полето за обратно пребарување фотографии успеа да потврди дека се работи за содржина создадена со Google AI.
Објавата има над 200 допаѓања и над 40 коментари. Меѓутоа, фотографијата не е автентична туку е создадена со помош на вештачка интелигенција. Вистиномер во пребарувачот Гугл во полето за обратно пребарување фотографии успеа да потврди дека се работи за содржина создадена со Google AI
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
Ние сме доктори, можеби не знаеш, но твојата насмевка ни дава сила.
Објавата има над 200 допаѓања и над 40 коментари. Меѓутоа, фотографијата не е автентична туку е создадена со помош на вештачка интелигенција. Вистиномер во пребарувачот Гугл во полето за обратно пребарување фотографии успеа да потврди дека се работи за содржина создадена со Google AI. Истата фотографија пред повеќе од 1 месец е споделена и на страница на турски јазик. Искористена е истата мамка за ловење коментари на социјалните мрежи – се користи младоста и хуманата лекарска професија за собрање кликови на нереална и неавтентична содржина.
Користењето слики генерирани од вештачка интелигенција стана популарен начин за привлекување внимание и зголемување на ангажманот онлајн. Бидејќи овие слики можат да се прилагодат за да изгледаат уникатно, естетски или високо стилизирано, тие привлекуваат внимание.
Многу фотографии креирани со вештачка интелигенција на интернет се поврзани со лажни или претерувачки наслови создадени за брзо да привлечат внимание и да соберат лајкови како во конкретниот случај. Овие наслови често ветуваат нешто шокантно, емотивно или неверојатно, иако самата фотографија воопшто не е поврзана со тоа што се тврди. Таквиот клик-бејт стил функционира затоа што ја буди љубопитноста и ги тера луѓето да застанат, да реагираат или да се вклучат, пред да сфатат дека содржината не е вистинска. Иако оваа тактика може краткорочно да ја зголеми видливоста, таа може да создаде дезинформации, да ги разочара корисниците и со време да ја наруши довербата. Во конкрентиот случај невистинитата содржина има собрано голем сообраќај што ја подобрува положбата на страницата од која се споделува содржината на социјалните мрежи.
Според алатката Hive фотографијата е 99,9 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар