Фотографија креирана со вештачка интелигенција лови емоции на социјалните мрежи
Кога Вистиномер ја постави фотографијата во алатка за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција „Sightengine“, добивме резултат дека се работи за фотографија 99 проценти креирана со вештачка интелигенција. Алатката пронаоѓа манипулации на лицата на двата субјекти.
Кога Вистиномер ја постави фотографијата во алатка за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција „Sightengine“, добивме резултат дека се работи за фотографија 99 проценти креирана со вештачка интелигенција. Алатката пронаоѓа манипулации на лицата на двата субјекти
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук споделена во групата „Смеењето е половина здравје“ во која се споделува фотографија и на српски јазик пишува:
Мојот дедо денеска наполни 99 години. Ако не ви е премногу тешко ве молам честитајте му роденден, тоа навистина би го израдувало!
Потоа во склоп на коментарите корисниците на социјалната мрежа пишуваат коментари „да му се множат годините“, „да му се множат годините во најдобро здравје“ итн. Во моментот на пишувањето на оваа рецензија објавата има над 50 допаѓања и 4 споделувања.
Меѓутоа, кога Вистиномер ја постави фотографијата во алатка за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција „Sightengine“, добивме резултат дека се работи за фотографија 99 проценти креирана со вештачка интелигенција. Алатката пронаоѓа манипулации на лицата на двата субјекти.

Дополнително кога „Вистиномер“ ја постави фотографијата во алатката за обратно пребарување фотографии на Гугл, во делот „за фотографијата“ добивме потврда и информација дека се работи за фотографија креирана со вештачка интелигенција. Самата содржина на текстот односно радосната вест (која е невистинита и фабрикувана) дека некој наполнил 99 години и дочекал длабока старост, е основа за злоупотреба и ловење емоции кај корисниците на социјалните мрежи кои реагираат на фотографијата и влечат сообраќај на страната на која истата е поставена.
Ваков начин на користење на алатки за манипулација на фотографии со вештачка интелигенција, се користат за да измамат реакции кај граѓаните, кои мислат дека се работи за вистинска приказна, но всушност се изманипулирани со сосема непостоечка содржина.
Со повнимателно анализирање на фотографијата во горниот лев агол забележавме лого „AI Generat“ што сугерира на содржина создадена со вештачка интелигенција.
Во последно време на социјалните мрежи многу често се злоупотребуваат фотографии креирани на ваков начин за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар