Фотографија креирана со вештачка интелигенција лови емотивни реакции на Фејсбук

Два сервисa за проверка на содржини создадени со вештачка интелигенција, потврдуваат со висок процент – 97 и 99 проценти, дека се работи за фотографија којашто не е автентична туку креирана со АИ

Два сервисa за проверка на содржини создадени со вештачка интелигенција, потврдуваат со висок процент – 97 и 99 проценти, дека се работи за фотографија којашто не е автентична туку креирана со АИ

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:

Среќен роденден!

Во склоп на објавата има фотографија од бебе и млад човек во природа. „Вистиномер“ ја провери оваа фотографија со помош на алатки за детекција дали некоја содржина е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Сервисот ZeroGPT покажува дека станува збор за фотографија за која веројатноста да е создадена со помош на вештачка интелигенција е 97 проценти.

Сервисот Sightengine тврди дека се работи за содржина креирана со вештачка интелигенција со уште повисока веројатност од 99 проценти.

Фотографијата од објавата што ја рецензираме во групата е објавена на 30 јули 2026 година, а истата се прикажува и на српски Фејсбук групи ден претходно. 

На двете објави од различни денови се тврди дека на бебето „денеска му е роденден“.

AI engagement farming (генерирање ангажман со помош на вештачка интелигенција) е практика кога се објавуваат емотивни фотографии создадени со вештачка интелигенција – најчесто бебиња, деца, постари луѓе или лица со попреченост,  проследени со пораки како „Денес му е роденден, никој не му честиташе“ или „Посакајте му среќен роденден“. Целта на ваквите објави не е да информираат, туку да предизвикаат што повеќе реакции, коментари и споделувања, со што алгоритмите на социјалните мрежи им даваат поголема видливост.

Фотографиите често се целосно генерирани со вештачка интелигенција, а придружниот текст е измислен за да ги поттикне емоциите кај корисниците. Ваквата практика претставува форма на манипулативна содржина, бидејќи ја злоупотребува емпатијата на публиката со цел собирање интеракции, зголемување на досегот на страниците, а неретко и нивна последователна монетизација преку реклами, продажба или промоција на друга содржина. 

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција