Фотографија креирана со вештачка интелигенција мами емотивни реакции
Фотографијата не е реална, не е снимена со фотоапарат, ниту пак, е објавена во мејстрим медиумите. Се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи. Алатката за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција Sightengine, покажува дека фотографијата е 98 проценти генерирана со помош на ВИ
Фотографијата не е реална, не е снимена со фотоапарат, ниту пак, е објавена во мејстрим медиумите. Се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи. Алатката за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција Sightengine, покажува дека фотографијата е 98 проценти генерирана со помош на ВИ
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
Поздрав срциња најубави.
На фотографијата на српски јазик пишува – „мајка ми е чистачка, ако не ви пречи поздравете не“.
Во моментот на пишувањето на анализата, објавата има достигнато виралност од 4.500 допаѓања, 316 коментари и 18 споделувања.
Меѓутоа, не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Алатката за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција Sightengine, покажува дека фотографијата е 98 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Кога ќе се провери фотографијата со помош на алатката за обратно пребарување фотографии Google reverse Image search, исто така се доаѓа до резултатот дека таа е креација на вештачката интелигенција.

Значи, фотографијата не е реална, не е снимена со фотоапарат, ниту пак, е објавена во мејстрим медиумите. Се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи. Честа е злоупотребата на фотографии креирани на ваков начин за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од корисниците на социјалните мрежи кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава креирана со вештачка интелигенција (altered content).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар