Фотографија креирана со вештачка интелигенција, се претставува како реална од напад врз Тел Авив

Проверката на „Вистиномер“ покажува дека станува збор за фотографија којашто е креирана со помош на вештачка интелигенција. Фотографијата има и познат автор кој ја создал со помош на ВИ тоа не го скрил, меѓутоа кога фотографијата се прошири на социјалните мрежи стигнувајќи и до македонското говорно подрачје, фактот дека се работи за фотографија креирана со ВИ е скриен

Проверката на „Вистиномер“ покажува дека станува збор за фотографија којашто е креирана со помош на вештачка интелигенција. Фотографијата има и познат автор кој ја создал со помош на ВИ тоа не го скрил, меѓутоа кога фотографијата се прошири на социјалните мрежи стигнувајќи и до македонското говорно подрачје, фактот дека се работи за фотографија креирана со ВИ е скриен

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:

ТЕЛ АВИВ ВЕЧЕРВА!

Фотографијата е објавена на 17 јуни 2025 година, период во жижата на избувнувањето на конфликтот меѓу Иран и Израел од што произлегува дека е претставено оти го илустрира моментот на масовниот ракетен напад врз Тел Авив.

 

 

Проверката на „Вистиномер“ покажува дека станува збор за фотографија којашто е креирана со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Фотографијата има и познат автор кој ја создал со помош на вештачка интелигенција и тоа не го скрил, меѓутоа кога фотографијата се прошири на социјалните мрежи стигнувајќи и до македонското говорно подрачје, фактот дека се работи за фотографија креирана со АИ стана скриен.

На неа не е прикажан наводен ирански ракетен напад врз Тел Авив (интензивен ирански ракетен оган), во повеќе објави во странство оваа фотографија се појавува со потписот на „Мхамад Јусиф“ кој е графички дизајнер од Египет кој првпат ја објавил својата креација со помош на вештачка интелигенција на 13 јуни 2025 година. Јусиф потврди дека станува збор за фотографија генерирана со АИ. Истата фотографија Јусиф ја објави и на социјалната мрежа Инстаграм.

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Малдита“ од Шпанија, самиот автор Мхамад Јусуф на својот Фејсбук профил на 16 јуни, три дена откако ја објавил фотографијата кажал дека се работи за негов дизајн што го користел медиумот од Египет „Ел Балад Њуз“ во постер на Фејсбук на 14 јуни.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која е видоизменета содржината и таа е создадена со помош на вештачка интелигенција (altered content). Не се работи за автентична фотографија.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција