Фотографија креирана со вештачка интелигенција за промоција на земјоделието
„Вистиномер“ користејќи ја алатката за обратно пребарување фотографии ја пронајде истата фотографија објавена на 23 јули годинава на Фејсбук страница со италијанско име. Но, при пребарувањето на фотографијата покажа и дека истата е создадена со помош на алатки за вештачка интелигенција
„Вистиномер“ користејќи ја алатката за обратно пребарување фотографии ја пронајде истата фотографија објавена на 23 јули годинава на Фејсбук страница со италијанско име. Но, при пребарувањето на фотографијата покажа и дека истата е создадена со помош на алатки за вештачка интелигенција
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во којашто се споделува фотографија и пишува:
За цело село!
На фотографијата се прикажани две женски и три машки лица кои во рацете држат лубеница со неприродна големина. Во моментот на пишувањето на анализата, објавата има над 4.300 реакции, над 270 коментари и споделена е повеќе од 100 пати.
„Вистиномер“ користејќи ја алатката за обратно пребарување фотографии ја пронајде истата фотографија објавена на 23 јули годинава на Фејсбук страница со италијанско име. Но, при пребарувањето на фотографијата покажа и дека истата е создадена со помош на алатки за вештачка интелигенција. Имено, фотографијата е создадена со помош на „гугл АИ“, оддел на Гугл посветен на вештачка интелигенција.

Во делот about this photo во пребарувачот Гугл, се прикажуваат детали што се поврзани со самата слика и може да бидат специфични за истата или во делот „Како е направена или изменета сликата“. Кога се достапни, овие детали можат да ви дадат контекст, како на пример дали сликата е направена со камера или генерирана со вештачка интелигенција. Во конкретниот случај се работи за фотографија создадена со вештачка интелигенција.
Фотографијата ја проверивме и на алатката sightengine која детектира содржини креирани со помош на вештачка интелигенција, таа покажа дека фотографијата е 99 отсто креација на ВИ.

Импресивната големина на лубеницата предизвикува фотографијата да добие голема виралност, и тоа во цели на промоција на земјоделието. Меѓутоа, фотографијата не е реална, не е снимена со фотоапарат ниту пак е објавена во мејстрим медиумите кои обожаваат да споделуваат со пошироката јавност куриозитети во смисла на рекорди во различни категории. Доколку оваа лубеница беше вистинска, доколку оваа фотографија беше навистина направена, ќе имаше направено и видеоматеријал и интервју со личностите, ќе се знаеше на која локација била направена фотографијата, каде е фармата итн, меѓутоа ништо од ова не постои бидејќи фотографијата е креирана со помош на вештачка интелигенција.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава креирана со вештачка интелигенција (altered content).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар