Фотографија креирана со вештачка интелигенција невистинито го претставува Тито

Тито, Хрушчов и Црвенковски во Скопје по земјотресот 1963 Фото: See page for author, Public domain, via Wikimedia Commons

„Вистиномер“ ја постави фотографијата на која наводно е претставен Ј.Б. Тито во 4 сервиси за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција и сите потенцираат дека се работи за неавтентична содржина, односно, дека се работи за фотографија која не е реална туку креирана со вештачка интелигенција.

„Вистиномер“ ја постави фотографијата на која наводно е претставен Ј.Б. Тито во 4 сервиси за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција и сите потенцираат дека се работи за неавтентична содржина, односно, дека се работи за фотографија која не е реална туку креирана со вештачка интелигенција

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува црно-бела фотографија и пишува:

Тито, и минијатурниот модел на Студентскиот дом „Гоце Делчев” – Скопје

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, дека на фотографијата се наоѓа Јосип Броз Тито, бившиот доживотен претседател на СФР Југославија, тоа не е точно. „Вистиномер“ ја постави фотографијата во 4 сервиси за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција и сите потенцираат дека се работи за неавтентична содржина, односно, дека се работи за фотографија која не е реална туку креирана со вештачка интелигенција.

Сервисот за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција ZeroGPT тврди дека фотографијата е невистинита со веројатност од 95 проценти и со голема веројатност дека е креирана со вештачка интелигенција.

Сервисот Sight Engine пак, ни даде уште повисок процент на веројатноста содржината да е направена со вештачка интелигенција – 99 проценти.

Кога фотографијата од објавата што ја рецензираме ја поставивме во сервисот DeepAI, резултатот што го добивме беше дека е креирана со вештачка интелигенција со веројатност од 95 проценти.

Алатката Truth AI исто така со висока сигурност од 95 проценти потврдува дека фотографијата е креирана со помош на вештачка интелигенција.

Резултати од TruthAI
Резултати од TruthAI

Дополнително, кога фотографијата во објавата ја поставивме во алатката за обратно пребарување на фотографии на пребарувачот Гугл, не пронајдовме резултати кои водат до историските архиви. Потоа, ликот на човекот претставен на фотографијата отстапува од оној на Јосип Броз Тито. Доколку оваа фотографија претставуваше навистина негово разгледување на макетата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, тогаш за тоа ќе имаше историски податок каде фотографијата ќе беше забележана.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција