Фотографија креирана со ВИ споделена како да прикажува антички Македонци атлети
Фотографијата што е предмет на нашата анализа, доколку ја погледнете одблиску, ќе видите дека е креирана со вештачка интелигенција. Прво, мускулите на мажите се така перфектно и совршено исцртани, што веднаш асоцира на вештачка интелигенција. Нозете им се речиси идентични мускулести, што во природа е невозможно. Мажот од десната страна на фотографијата, на ногата има шест прсти
Фотографијата што е предмет на нашата анализа, доколку ја погледнете одблиску, ќе видите дека е креирана со вештачка интелигенција. Прво, мускулите на мажите се така перфектно и совршено исцртани, што веднаш асоцира на вештачка интелигенција. Нозете им се речиси идентични мускулести, што во природа е невозможно. Мажот од десната страна на фотографијата, на ногата има шест прсти
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од наводно статуа од античко време и вели:
На сликата подолу се двајца Македонци кои никогаш не пиеле пиво, а место тоа пиеле вино, медовина, цедени сокови од капини, калинка или лубеница.
На сликата се гледаат двајца мажи со наметки како што се носеле во античкиот период, како се ракуваат. Мажите имаат строго дефинирани мускули на телото, нивните фигури се совршени, нечепнати, иако плочата на која наводно стојат во позадина е целата напукната и здробена.
Ја побаравме фотографијата на Гугл со цел да видиме за кои антички ликови станува збор и фотографијата ја најдовме само во една објава на Фејсбук од 22 јуни на англиски јазик. Во објавата пишува дека фотографијата го прикажува кралот Антиох I од Комагена како се ракува со легендарниот полубог Херакле (Херкул).
За да се увериме во вистинитоста на фотографијата, побаравме на Гугл како изгледа статуата на која Антиох I се ракува со Херакле. Но, најдовме сосема друга фотографија.
Камен релјеф од Арсамеја (регион Немрут, Турција) на кој е прикажан Антиох I од Комагена (владеел 70 – околу 38 п.н.е.) како се ракува со Херкул (Херакле). Владетелот на Комагена е прикажан како носи туника со ремен, наметка и кама со четири сечила. Херакле го носи својата палка и кожата од немејскиот лав, пишува World history енциклопедија.
Оваа фотографија нималку не личи на фотографијата прикажана во објавaта што ја анализираме.
Фотографијата што е предмет на нашата анализа, доколку ја погледнете одблиску, ќе видите дека е креирана со вештачка интелигенција. Прво, мускулите на мажите се така перфектно и совршено исцртани, што веднаш асоцира на вештачка интелигенција. Нозете им се речиси идентични мускулести, што во природа е невозможно. Мажот од десната страна на фотографијата, на ногата има шест прсти.
Фотографијата ја проверивме преку алатката за откривање на содржина креирана со вештачка интелигенција – Хајв (hivemoderation.com). И таа потврди дека фотографијата не е реална – 98,2 отсто е креација на ВИ.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека на фотографијата на сe прикажани никакви антички Македонци, туку таа е дело на вештачка интелигенција.
Поради тоа објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар