Фотографија од 2021 година, споделена како да е од 2024 година, илустрира „снежна идила во Саудиска Арабија“
Фотографијата не илустрира „снежна идила во Саудиска Арабија од ноември 2024 година“. Доказот за тоа е тоа што фотографијата во склоп на објавата е објавена многу порано. Со системот за обратно пребарување на фотографии, оваа фотографија на која се наоѓа камила во околина со снег, може да се забележи уште на 15 јануари 2021 година
Фотографијата сугерира снежна идила во Саудиска Арабија во ноември, но е делумно неточна. Доказот за тоа е тоа што фотографијата во склоп на објавата е објавена многу порано. Со системот за обратно пребарување на фотографии, оваа фотографија на која се наоѓа камила во околина со снег, циркулира на интернет уште на 15 јануари 2021 година
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од камила во снег, и се тврди:
Саудиска Арабија денес, снежна идила. Заследете го мојот официјален инстаграм профил.
Наспроти наведеното во објавата, фотографијата не илустрира „снежна идила во Саудиска Арабија од ноември 2024 година“. Доказот за тоа е тоа што фотографијата во склоп на објавата е објавена многу порано. Со системот за обратно пребарување на фотографии, оваа фотографија на која се наоѓа камила во околина со снег, може да се забележи уште на 15 јануари 2021 година.
Фотографијата на тој датум е објавена на Фејсбук страница со наслов „Народот на Саудиска Арабија“.
Инаку, според текстот на Saudi Press Agency од 2 ноември, регионот Ал-Џауф во Саудиска Арабија бил прекриен во бело како резултат на врнежи од град и силен дожд што паѓале северно од градот Сакака.
Обилните дождови, придружени со големи количества град, продолжиле во различни делови на регионот Ал-Џауф од минатата среда, што најавува атрактивна пролетна сезона, бидејќи овој регион е познат по сезонските диви растенија во текот на пролетта, како лаванда, хризантеми, невен и голем број на ароматични растенија.
Поради сите горнаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумно неточна. Фотографијата во склоп на објавата е од постар датум и не е снимена во 2024 година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар