Фотографија од Азија лажно претставена како да е од македонски учебник за сексуално образование

Фото: Принтскрин

Оваа фотографија и илустрација во постот што го рецензираме, не сопира да се шири на социјалните мрежи со месеци наназад. Нашата проверка покажа дека самата илустрација, всушност, е објавена  во некој материјал од Азија. Не е точно дека сексуалното образование ќе се воведе како предмет во четврто одделение. Годинава сеопфатно сексуално образование како пилот програма се воведува само во четири основни училишта и тоа во деветто одделение, не за сите ученици туку само за оние за кои родителите дале писмена согласност 

Оваа фотографија и илустрација во постот што го рецензираме, не сопира да се шири на социјалните мрежи со месеци наназад. Нашата проверка покажа дека самата илустрација, всушност, е објавена  во некој материјал од Азија. Не е точно дека сексуалното образование ќе се воведе како предмет во четврто одделение. Годинава сеопфатно сексуално образование како пилот програма се воведува само во четири основни училишта и тоа во деветто одделение, не за сите ученици туку само за оние за кои родителите дале писмена согласност 

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека наставна содржина, илустрирана во самиот пост, е всушност содржина од програмата за сексуално образование во училиштата. Во постот се тврди следното:

Гледајте ма*ето да им го **ам комуњарско расипано што има во електронските книги за четврто одделение на к**вата комуњарска Мила Царовска.

А за оваа слика ќе украде најмалку сто илјади евра пари. И тоа ќе и бидат доделени како премија за напорна работа.

На илустрацијата во склоп на постот, се гледа сексуална поза со следната нарација меѓу партнерите:

Мајката и таткото легнуваат во кревет. Пенисот влегува во вагината. Така тие си играат. Таткото и мајката се клацкаат нагоре надолу. Тоа се нарекува водење љубов. Тоа е многу убаво. Така мајката и таткото ако сакаат, можат да добијат дете.

Првата изнесена дезинформација во овој пост е тоа што се тврди дека сексуалното образование ќе се воведе како предмет во четврто одделение. Ова не е точно. Годинава сеопфатно сексуално образование како пилот програма се воведува само во четири основни училишта и тоа во деветто одделение, не за сите ученици туку само за оние за кои родителите дале писмена согласност да ја следат оваа активност за која нема бројчана, туку само описна оценка.

Оваа фотографија и илустрација, во постот што го рецензираме, не сопира да се шири на социјалните мрежи со месеци наназад. Тоа што министерката за образование Мила Царовска, на 17 јули годинава ја демантираше информацијата дека оваа фотографија е дел од некаква програма за сексуално образование во училиштата, не ги спречува дезинформациите да продолжат да циркулираат на социјалните мрежи и да го контаминираат интернет просторот со содржини кои предизвикуваат паника и  го дискредитираат овој предмет. Царовска во јули годинава по повод лажната фотографија напиша:

Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интезивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование како оваа, се целосно лажни и апелирам граѓаните да не наседнуват. Како што многу пати извести Бирото за развој на образованието, сексуално образование воопшто не се воведува. Од следната година се планира само пилот проект во четири паралелки од деветто одделение во четири основни училишта. Никакви содржини ниту програми не се предвидени во новите содржини и учебници за прво и четврто одделение како што се обидуваат да ја замајат јавноста. Родителите да бидат смирени, се што работиме е максимално транспарентно и во најдобар интерес на децата. Апелирам да ги следите официјалните канали на МОН и БРО со цел заштита од ваквите манипулации кои, за жал, се почесто ќе ги гледаме.

Инаку, нашата проверка покажа дека самата илустрација, всушност, е објавена  во некој материјал од Азија, како што може да се забележи од оваа фотографија во продолжение.

Фактите, пак, за пилот програмата за сексуално образование се следните:

Таа ќе се спроведува во 4 основни училишта на македонски и на албански јазик, во Скопје и во Тетово, за деца на возраст од 14-15 години. Програмата ќе ја предаваат обучени наставници со поддршка на тренери за ССО на ХЕРА. Статусот на предметот во наставниот план е проектен, на ниво на вонучилишна активност, односно станува збор за изборен предмет во согласност со родителите.

Според ХЕРА, причината за воведување на пилот програмата за ССО во основното образование е да се измерат резултатите и знаењата и ставовите кај младите за теми од нивен интерес, за да се развие наставна програма која одговара на потребите и средината-културата во која живееме и за да може полесно да се интегрира во наставата за основно образование, согласно новата концепција.

Работна група на Бирото за развој на образованието во февруари 2018 година беше формирана за да подготви наставен модел за пилот ССО. Одлуката за пилотирање на ССО беше донесена на 162 седница на Владата во ноември 2019 година. Во јануари 2020 година беше подготвена наставна програма од Бирото за развој на образованието (БРО) и ХЕРА во согласност со стандардите на УНЕСКО. Во декември 2020 година беа обучени наставници од пилот училиштата за спроведување на ССО, а во март 2021 година беа подготвени прирачници за наставници за спроведување на програмата.

Темите на кои ќе зборуваат учениците на овие часови се однесуваат на промените кои се случуваат во пубертетот, симптоми на ХИВ и сексуално преносливи инфекции и заштита, каде да се обратат за помош при здравствени проблеми или насилство, зошто е потребна еднаквост меѓу мажите и жените, како да го прифатат своето тело и изглед, како да препознаат насилство и да се заштитат, да се заштитат и побараат помош од сексуално насилство, како да градат здрави партнерски врски, да ги почитуваат луѓето без да дискриминираат и да се изборат и самите да бидат почитувани.

 

Спорната фотографија со придружната нарација во неа, не постои во учебниците за ССО!

Програмата за ССО содржи 7 теми за учење во интерактивни работилници, односно ќе биде од 36 школски часа. Темите се род, сексуално и репродуктивно здравје, сексуалност, граѓански аспекти, врски и односи, насилство, тело и слика за телото.

Сексуално образование има во Холандија, Шведска, Финска, Швајцарија, Норвешка, Австрија, Естонија, Португалија, Белгија, Ирска, Германија и Велика Британија. Во Албанија ССО е воведено уште од 2012 година во основните и средните училишта. Во Босна и Херцеговина ССО програмата во некои кантони повеќе години се реализира како изборна.

Дополнително, самите обучени наставници ќе имаат право да изберат кои наставни содржини ќе им ги предаваат, а кои не на своите ученици.

Поради сите горенаведени факти, како невистина го оценуваме тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, дека на деца во 4 одделенние ќе им се предава сексуално образование и тоа преку примерот од книга, со кој е илустриран постот, а кој е фотомонтиран и не постои во македонската програма за изборниот предмет сеопфатно сексуално образование.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција