Фотографија од дете креирана со вештачка интелигенција, лови емоции на социјалните мрежи
„Вистиномер“ ја провери фотографијата во четири сервиси за проверка на содржини генерирани со вештачка интелигенција. Секој од нив, со висока веројатност од над 96 проценти сугерираат дека се работи за содржина креирана со вештачка интелигенција, а не за веродостојна фотографија
„Вистиномер“ ја провери фотографијата во четири сервиси за проверка на содржини генерирани со вештачка интелигенција. Секој од нив, со висока веројатност од над 96 проценти сугерираат дека се работи за содржина креирана со вештачка интелигенција, а не за веродостојна фотографија
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Денес ми е роденден. Нема подароци, нема честитки. Но сепак ти посакувам се најдобро.

Сервисот ZeroGPT, пак, ни даде резултат дек фотографијата е неверодостојна, односно креирана со вештачка интелигенција со веројатност од 96 проценти.

Алатката DeepAI, пак, покажува дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција со веројатност од 96 проценти.

Истиот резултат од 96 проценти можност фотографијата да е генерирана со вештачка интелигенција е и според алатката TruthScan.

Конкретната практика на социјалните мрежи да се споделува содржина која не е веродостојна со цел да се изнудат реакции од корисниците на социјалните мрежи, се нарекува emotional engagement bait, што претставува креирање содржина што намерно предизвикува емоционална реакција кај корисниците, најчесто со цел да добие што повеќе коментари, реакции и споделувања.
Во случајот со фотографијата од објавата што ја рецензираме, на која пишува: „Денес ми е роденден. Нема подароци, нема честитки. Но сепак ти посакувам сè најдобро“, пораката е таква што кај корисникот може да предизвика сочувство, вина или потреба да возврати со честитка. Особено ако фотографијата изгледа како лична фотографија од реална личност, иако всушност е генерирана со вештачка интелигенција.
Ваквата содржина често се поврзува и со практиката engagement farming при која се објавуваат емоционални, провокативни или намерно интерактивни содржини за да се поттикнат што поголем број реакции и коментари. Поголемиот ангажман може дополнително да ја зголеми видливоста на објавата и да ѝ помогне да стигне до нови корисници.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар