Фотографија од девојка сирак креирана со вештачка интелигенција лови кликови на Фејсбук

Ја побаравме фотографијата на Гугл, но не ја најдовме објавено во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Ја побаравме фотографијата на Гугл, но не ја најдовме објавено во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, на некои и на српски и на шпански јазик, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Денес се навршуваат 18 години без мама и тато и јас влегувам сам во возрасно доба Ова е премногу, но јас избирам храброст пред стравот. Нека силата ме држи да одам.

Во склоп на објавата има фотографија од девојка со солзи на лицето како држи торта во рацете, а во позадина на ѕид е закачена наводно фотографија од нејзините родители.

Ја побаравме фотографијата на Гугл, но не ја најдовме објавенa во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, на некои и на српски и на шпански јазик, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Според Гугл, фотографијата е креирана со помош на вештачка интелигенција.

Со цел да се увериме во ова, ја проверивме фотографијата и на две алатки за проверка на содржини креирани со помош на вештачка интелигенција.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 99,9 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи често се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се привлечат кликови и да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај. Целта е да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција