Фотографија од лекари креирана со вештачка интелигенција лови лајкови на Фејсбук
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од маж и жена како стојат наводно пред болница и во описот вели:
Храбри лекари и среќно семејсво !
На фотографијата на српски пишува:
Мојот сопруг и јас сме лекари, тукушто завршивме десетчасовна операција и спасивме пациент кој беше на работ на смртта. Вашите искрени зборови се најголема поддршка за нас.
Објавата во моментот на нашата анализа има 2.500 допаѓања, 319 коментари и 4 споделувања.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Исто и алатката Hive покажува дека фотографијата генерирана со помош на вештачка интелигенција – 99,4 проценти.

Во последно време на социјалните мрежи многу често се злоупотребуваат фотографии креирани на ваков начин за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар